Webp.net gifmaker

Мордехај Нахмијас бил истакнат партизан, познат по прецизниот истрел, кој за жал не го спасил од смртта на два месеца пред ослободувањето, загинал заедно со својата сограѓанка, Естреја Овадија-Мара на Кајмакчалан.

Борис и Васка Алтипармак се запишани на Почесниот ѕид на праведниците во Јад Вашем, Израел, кој е меморијален центар за Евреите погубени во Холокаустот. Тоа се битолчани кои во виорот на Втората светска војна успеале да спасат четворица млади Евреи од депортација во логорите во Полска. Од благодарност кон нивната хуманост, Израел пред 28 години им ја додели титулата „Праведни меѓу народите“, медали и сертификат на честа.

Последното родено Еврејче во Македонија пред самата депортација кое го преживеало Холокаусотот, денес познат уметник низ светот, Мати Грумберг проектираше сончев часовник, голема скулптура која ќе ги краси Еврејските гробишта во Битола. Скулптурата која е донација од Израел, по проектот на Грумберг ја изработи фимрата „Пет Битола“ и се наоѓа во нивниот двор после Светонеделските гробишта, а наскоро се очекува да биде поставена во центaрот на Еврејските гробишта.

Песна за желбите пред Споменикот на депортираните Евреи во Битола денес испеаја групата „Отсма“ од Израел составена од тинејџери со попреченост. Тие под водство на музичкиот терапевт Офра Коен денес преку песна ја ирзазија нивната жеба да живеат во мир. Во групата настапија пет солисти и едно момче кое свиреше гитара, а настапот им беше крајно синхронизиран како да пее професионален хор со музичка придружба. Имаа настап на комеморацијата по повод 76 годишнината од депортацијата на битолскаите Евреи и ги разнежнија срцата на присутните.

„Јас сум музичар и продуцент и верувам цел мој живот дека инклузијата во општеството е многу важна. Мојата работа од срце им ја посветувам на овие деца кои ја учат музиката како и сите останати луѓе, пеат и танцуваат. Осум години го работам ова и друшата ми е исполнета, правиме музика за сите луѓе и тоа делува како музичка терапија за овие млади лица“, рече Коен.

Таа додаде дека настапиле во Битола зашто сакале да му покажат на целиот свет дека на овие деца им треба некој што ќе верува во нивните можности.

„Името на групата е ‘Отсма’ , тоа е моќ, симболично е поставено името да покаже дека ние можеме да направиме нешто што сакаме. Дека е возможно и тука се виде дека е“, додава музичкиот терапевт.

Тунејџерите, други лица со попречености, гости од Изараел, битолчани денес се приклучија кон Маршот на животот што традиционално се одржува по втор пат во Битола токму на денот кога во 1943 година беа депортирани 3013 битолски Евреи во логорите на смртта. Тие го поминаа патот што пред 76 години го вревеа Евреите до Железничката станица од каде беа со вагони однесени и никогаш не се вратија назад.

(извор СДК.МК) 

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани