Webp.net gifmaker

Се асфалтираат улици во Долно Оризари. Општина Битола  објави дека станува збор за вкупна должина од  1 километар во вредност од 5,5 милиони денари.

-1 километар нов асфалт на калливите улици во Долно Оризари, вредност 5,5 милиони денари, велат од општината. 

ори 11

Пет улици во населеното место Долно Оризари, за прв пат добиваат асфалт, со што калливите улици, стануваат минато за жителите на оваа населба.

Со средства од Општина Битола, најпрво беа променети водоводните приклучоци кон градската водоводна мрежа, по што следуваше тампонирање на улиците и асфалтирање во должнина од еден километар. Покрај овие пет улици, наскоро се очекува да отпочне изградба на уште две улици, со помош на Пелагонискиот плански регион. 

оризари

оризари 2

Паркот за деца и лица со посебни потреби лоциран кај градското Шеталиште, од денес е во надлежност на Општина Битола, а ќе го одржува ЈП „Комуналец“.

Брачниот пар Катерина и Воислав Вујиќ, членови на невладината организација ЦЕТ платформа, се дел од проектот „Европа на вашит праг“ кој веќе една година се реализира со европски пари, а има за цел да ги доближи европските вредности до граѓаните. На последната работилница што од денес се одржува во Битола дојдоа со своите неколкумесечни  близнаци, а на шега велат дека и тие  се дел од придобивките на проектот. Вкупно 11 градови и невладини организации се дел од овој меѓународен проект, а покрај општина Битола, учествува и општината - Вила Боа До Бишпо од Португалија.

Страница 1 од 17

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани