Јануари 20, 2019

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

Јануари 20, 2019

 

lijaku

Димитар Ефтимов ЛИАКУ

На 20 јануари во 1921 година во Скопје е роден Димитар Ефтимов ЛИАКУ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење во Вардарскиот дел на Македонија и учесник во Антифашистичката војна 1941-1944 г., лекар-хирург.

Студирал медицина во Софија, а бил партизански лекар во 15. Македонски корпус на Сремскиот фронт.

Медицински факултет завршил во 1949 г. во Белград. Хирургија специјализирал (со прекини) во Скопје и ја завршил во 1954 г.

Во 1952 г. бил испратен како специјализант на работа во Битола, каде што останал до пензионирањето во јануари 1987 г. Бил началник на Хируршкото одделение, примариус и виш здравствен советник во Битола.

Добитник е на повеќе награди и признинанија на СРМ и СФРЈ и носител е на "Повелбата д-р Трифун Пановски" - највисоко признание на Македонското лекарско друштво.

 

cukalevski

Вангел ЧУКАЛЕВСКИ

на 20 јануари во 1910 г. во Битола е роден Вангел ЧУКАЛЕВСКИ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија, воен пилот.

Во предвоениот период бил пилот, со чин капетан во бившата Југословенска војска. Во време на бугарската окупација на Битола го помагал антиокупаторското движење, бил организатор и член на градскиот НОО, а во почетокот на 1944 г. се приклучил на партизанските единици.

Во 1944 г. станал член на КПМ и командант на Четвртата оперативна зона на НОВ и ПОМ. Бил командант на Првата македонска НОУБ од денот на нејзиното формирање 8 јуни 1944 г., па се до 25 септември 1944 г.

Унапреден во чин мајор на НОВ и ПОМ на 1 јули 1944 г. и станал прв помошник на началникот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ од 25 септември 1944 г. Бил избран за делегат на Второто заседание на АВНОЈ и учесник на Првото заседание на АСНОМ. Бил одликуван од Врховниот штаб на НОВ и ПОЈ со Орден партизанска yвезда во октомври 1944 г. и на 1 декември 1944 г. бил унапреден во чин потполковник на Народноослободителната војска на Југославија (НОВЈ).

По целосното ослободување на земјата од фашистичките окупатори ги стекнал највисоките офицерски чинови на Југословенската народна армија (ЈНА) и во нејзини рамки вршел разни одговорни должности. Починал во Белград, Србија, на 8 јануари 1983 г.

 

ruso

Бено Исак РУСО

На 20 јануари во 1920 г., во Битола е роден Бено Исак РУСО, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија, генерал-мајор на ЈНА.

Завршил основно училиште, бил механичарски калфа. Служел воен рок во 1941 г. и бил заробен од германските сили и спроведен во логор. Избегал од логорот, се вратил во Македонија и се вклучил во НОАВМ. Во 1941 г. станал член на КПЈ, а во 1942 г. борец во ПО „Јане Сандански“ и во ПО „Даме Груев“.

Во 1943 г. бил во баталјонот „Мирче Ацев“. Бил политички комесар на чета, на баталјон, на бригада и на 41. дивизија. Како политком на 15. (македонски) корпус учествувал во борбите на Сремскиот фронт.

По војната завршил Виша политичка школа „Ѓуро Ѓаковиќ“ и Виша воена академија. Во 1960 г. бил унапреден во чин генерал-мајор.

Во пензија бил од 1970 г. Одликуван бил со: Партизанска споменица 1941, Орден југословенско знаме со лента, Орден заслуги за народ од прв ред и др.

Починал во Скопје на 18 јуни 2006 година.

                                                                                               подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

На 18 јануари 1914 година во село Канино, битолско, роден е  Никола ТОДОРОВСКИ-Коле Канински, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. 

На 29 Ноември во 1943 г. во градот Јајце, Босна и Херцеговина, се одржало  ВТОРО ЗАСЕДАНИЕ НА АНТИФАШИСТИЧКОТО СОБРАНИЕ (ВЕЌЕ) НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ЈУГОСЛАВИЈА (АВНОЈ). АВНОЈ бил највисоко политичко и претставничко тело на антифашистичката борба.

Меѓу делегатите имало членови и приврзаници на Комунистичката партија на Југославија, на Хрватската селанска партија, на Муслиманската заедница, од Партијата на христијански социјалисти, од Партијата на самостојни демократи, од Радикалната партија, од Српската земјоделска партија... Имало и делегати од Македонија, не тие не биле присутни на Заседанието. Со заседанието претседавал Иван Рибар, а во работното претседателство биле: др Јосип Видмар, др Павле Грегориќ, др Воислав Кецмановиќ, лекарот Иван Милутиновиќ, православниот свештеник Владо Зечевиќ, лекарот Златан Сремац, Сулејман Филиповиќ и Сретен Жујовиќ. Со своите решенија ја конституира нова Југославија како федеративна држава составена од шест републики, на пет нации. Со тоа го прекинало континуитетот со Кралството Југославија, во која не било признато постоењето на македонскиот народ.

Македонија била прогласена за држава конститутивна членка на југословенската федерација. Донело одлуки со кои биле конституирани највисоките органи на државната власт на Демократска Федератив­на Југославија, односно бил формиран НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ЈУГОСЛАВИЈА како највисок извршен орган на власта, односно како орган за да ги извршува одлуките на АВНОЈ до формирањето на влада по ослободувањето на земјата. Ги имал сите прерогативи и овластувања на Привремена влада на ДФ Југославија. Освен претседателот Јосип Броз Тито и тројцата потпретседатели, имал повереници што ги раководеле одделните поверенства што извршувале задачи на извршни ресорни органи на власта. За потпретседатели на АВНОЈ биле предложени Димитар Влахов и Владимир Поптомов, кој не ја прифатил функцијата. Одлуките на Второто заседние на АВНОЈ биле основа за конституирањето на Македонија како посебна држава во југословенската федерација.

Во Решението за изградување на Југославија врз федеративен принцип донесено на Второто заседание на АВНОЈ се вели и:

1) Народите на Југославија никогаш не го признавале и не го признаваат распарчувањето на Југославија од страна на фашистич­ките империјалисти и ја докажаа во заеднич­ката вооружена борба својата цврста волја и натаму да останат обединети во Југославија.;

2) За да се оствари принципот на сувере­носта на народите на Југославија, за да претставува Југославија вистинска татковина на сите свои народи и за да не стане никогаш веќе домен на која и да било хегемонистичка клика, Југославија се изградува и ќе се из­гради врз федеративни принцими, кои ќе им осигурат целосна раммоправност на Срби­те, Хрватите, Словенците, Македонците и Црнорорците, односно на народите на Срби­ја, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.;

3) Во согласност со таквата федеративна изградба на Југославија, која се темели врз најцелосни демократски права, е фактот што веќе сега, во времето на Народноослободителната борба, основните органи на народ­ната власт кај одделни народи на Југославија ги прететавуваат народноослободителните одбори на земските антифашистички собра­нија на народното ослободување...;

4) На националните малцинства во Југославија ќе им се обезбедат сите национални права".

подготвил д-р Александар Литовски 

На 18 ноември 1944 година, во Битола е формирана Првата народноослободителна ударна бригада од Егејска Македонија, попозната како Егејска бригада.

Во организација на Општинскиот одбор на Сојузот на борци од Битола и граѓаните продолжувачи, денеска беше одбележана 76 годишнината од смртта на Стив Наумов и Мите Богоевски, а по тој повод претседателтот на боречката организација, Александар Трајковски, претставници од семејството на народниот херој Стив Наумов, градоначалничката Наташа Петровска, претставници на политичките партии, граѓани и учниците од ОУ „Трифун Пановски“ денеска положија цвеќе и се поклонија пред споменикот на Стив Наумов, на битолски Широк Сокак.

Страница 1 од 6

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани