Webp.net gifmaker

Проектот за изградба на пречистителна станица со колекторски систем за Битола продолжува да се реализира со спроведување на конкретни постапки, кои се предуслов за почеток на изградбата на терен, соопштија од Општина Битола.

По електронски пат објавен е оглас за склучување на договор за услуги за избор на Надзорен орган за градежни работи за прочистителната станица и рехабилитација и надградба на канализациона мрежа во општина Битола. Вредноста на договорот е со максимален предвиден буџет до 1 300 000 евра. Огласот е објавен од вчера. По ова, наскоро ќе следува тендерска постапка за изградба на пречистителна станица, која ќе биде поделена во два дела, односно првиот ќе биде за проектирање и изградба на пречистителна станица за отпадни води за агломерација Битола, а вториот за изградба и реконструкција на колекторски систем.

Прочистителната станица што во следните две години ќе се гради во Битола ќе го реши горливиот еколошки проблем со загаденоста на водотеците во Битолско. Директорот на Јавното претпријатие „Нискоградба“ Методи Силјановски, најави дека есенва ќе биде распишан меѓународен тендер за избор на фирма која ќе ја гради станицата, ќе го догради колекторскиот систем и ќе го врши наздорот.

„Пречостителната станица ќе ги опфајќа отпадните води од Битола, селата Кравари, Долно Оризари, подлеплистерските села. Петтиот канал со пречистителната станица ќе биде 95 проценти чист, се решава и Драгорот и загадувањето на Црна Река од страната на Битола, па потоа и големиот проблем како што е загадувањето на Тиквешкото езеро“, рече Силјановски.

Градоначалничката Наташа Петровска  најави дека во буџетот за 2018 година се предвидени пари за експропријација на земјиштето каде ќе се гради прочистителната станица во Битола. Потоа за оваа еколошка инвестиција ќе следува објавување на тендер, избор на изведувач и потпишување на договор. 

Ако се` се одвива како што треба во 2019 и 2020 година предвидено е изградба на станицата и канализационата мрежа и крајно 2021 година се` комплетно да биде ставено во функција.

-Предвидено е да се обезбедат 17 милиони денари за експропријација на земјиштето за прочистителната станица. Изградбата на станица е еден голем предизвик  и за мене како градоначалник и за вас како советници, рече градоначалничката Петровска.

Бившата локална власт неуспеа да го реализира проктот прочистителна станица за Битола. Од големото ветување   направи единствено физибилити студија, иако се најавуваше дека  станицата ќе биде комплетно готова до крајот на 2018 година.

Овој проект ќе чини вкупно триесет милиони, од кои 21 милион се обезбедени преку ИПА фондовите, а останатите од Владата на Република Македонија.

Кој го почнал, до каде е неговата реализација и кој ќе го заврши проектот за изградба на прочистителна станица во Битола, се препукуваа денеска советниците од власта и опозицијата во битолскиот Совет.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани