2win800x200

Новото надворешно осветлување на ЈП „Пазари“ оформи уште една фаза планирана со реконструкцијата. Исто така и во внатрешноста старите и дотраени светилки се заменети со нови лед светилки, кои се и енергетски поефикасни, велат од јавното претпријатие.

107686160 1231121257238856 1068602165818589236 o

107825387 1231121267238855 1094371897232961177 o

По завршувањето на тендерот за поставување на фотоволтаични панели на кој беше избрана фирмата изведувач „Енергом Груп“, потпишан е договорот со кој се официјализира стартот на новиот еколошки проект на јавното претпријатие „Пазари“од Битола.

Директорот Владе Атанасовски истакна дека ова е трет последователен еколошки проект реализиран во ЈП „Пазари“, откако претходно беа поставени нови лед сијалици во градскиот пазар, а во управната зграда е монтиран нов систем за греење на пелети. Поставувањето на фотоволтаичните панели на управната зграда, според Атанасовски, треба да даде придонес кон заштитата на животната средина и да ги намали трошоците при работењето на ова јавно претпријатие. Вкупната инвестиција на проектот е 1.100.000 денари.

ЈП „Пазари“ е првото јавно претпријатие во земјава, кое што ќе обезбедува електрична енергија од фотоволтаични панели.

67404250 404442350182860 5200987752283242496 n

„Пазари“ е првото јавно претпријатие во земјава кое ќе произведува струја од фотоволтаични панели. Денес заврши тендерот и на електронско наддавање беше избрана фирма за набавка и инсталација на панелите. Тие ќе се монтираат на покривот на постоечките настрешници над пазаришните тезги. Електричната енергија што ќе се добива ќе се користи за потребите на претпријатието.

„Со ова даваме придонес кон заштита на животната средина, намалување на трошоците во работење и проширување на дејноста на претпријатието. Вкупна инвестиција од 1.1 милион денари се обезбедени од сопствени приходи“, вели директорот на ЈП „Пазари“ Владе Атанасовски. 

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани