2win800x200

Синдикатот за образование, наука и култура СОНК и Министерството за образование на денешната заедничка средба постигна договор за покачување на платите од 1-ви јануари следната година.

На денешната средба во просториите на министерството беше постигнат договор со кој платата на просветарите се покачува за 10 % од 1 јануари 2020.

Министерот Арбер Адеми истакна дека ова покачување доаѓа после двете претходни покачувања

-Со ова одлука ќе се враќа дигнитетот на оваа професија. Во следниот период МОН ќе продолжи со подобрување на материјалните и нематријалните компоненти во образованието. – рече Адеми.

Покачувањето на платите важи за средните, основните и виши училишта. Министерот информира дека покачување од 25% има и за научните институти.

Претседателот на СОНК истакна дека нивното барање за зголемување на платите, денеска беше официјално прифатено.

За таа цел сакам да истакнам дека ова е почеток на нови конструктивни разговори со МОН. – рече претседателот на СОНК Јаким Неделков.

 

Нема повеќе учење во сабота, нема повеќе пренатрупани одделенија, часовите за основните се ограничуваат според возраста, неработни денови за наставниците за време на зимскиот распуст се само дел од измените и дополнувањата кои се предвидуваат со новиот Закон за основото образование, кои денес ги образложи министерката за образование и наука Рената Дескоска.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани