2win800x200

Битола поради сообраќајниот калабалак, но уште повеќе поради  загаденоста на воздухот има обврска да ја зголеми и унапреди масовноста во користењето на велосипедите. Ова е препораката од велосипедската трка „Трофеј“ што во организација на Велосипедска Федерација на Македонија и Велосипедскиот клуб „15 мај“ се одржа во Битола.

 

„Со точак одиме на училиште, факултет, на работа“, велат велосипедистите. 

Велосипедската трка „Трофеј Битола“ што ќе се одржи во недела во Битола всушност е иницијатива за возобновување на трката што во минатото се случувала  традиционално за 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола.

Трката  во недела ќе се одржи  во Градскиот парк со почеток во 11.30 часот за пионерите како претходница на официјалниот дел кој започнува во 12часот. Натпреварот ќе биде во четири категории и тоа, кадети кои ќе возат 30 минути, мастерс 40 минути, јуниори 50 минути и сениори 60 минути. Сите учесници ќе мора да ги почитуваат пропишаните правила да возат со заштитна опрема, кацига и исправен велосипед, тркалата да се 28-ки, широчината на делот за управување да не биде поголем од 50 сантиметри и друго.

Организаторите очекуваат на трката да земат учество над 30 велосипедисти и уште дваесетина тинејџери кои возат од хоби.

„Порано се одржуваше традиционално трка за 4 Номеври од Маково до Битола или од Гермијан до Битола. Но, се случуваше да падне снег, да се влошат временските услови и така таа традиција замре. Сега сакаме оваа трка што ќе се одржи во недела всушност да биде почеток за обнова на ваквата традиција, со тоа што би се одржувала секој 4 ти Ноември во Градскиот парк во Битола“, рече Африм Јусуфи, претставник на организаторите на „Трофеј Битола“.

Викендов, од 1-3 Јуни 2018 год на Пелистер се одржа шестата  по ред велосипедска Downihill трка организирана и спроведена од момците од велосипедскиот клуб Extreme Bike Team Bitola. Трасата на патеката се движеше од Копанки до Детското одморалиште  во должина од 2,1 км и висинска разлика од 425м. Целиот натпревар беше спроведен според правилата на UCI (Union cycliste International).

На трката зедоа учество рекордни 57 натпреварувачи од 7 земји Македонија, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Романија, Грција, Србија и Австралија. Учесниците се натпреваруваа во 4 категории и тоа; мажи и жени Хоби, мажи Јуниори, мажи Мастерс и мажи Елит. Во класата Хоби имаше тотална доминација на македонските возачи и првите две места ги зазедоа Додиќ Стефан и Давчев Даниел, додека третото место му припадна на Калуџеровиќ Лазар од Црна Гора. Во класата Јуниори првите три места ги освоија возачите од Бугарија,  Анчев Јордан, Белезирев Румен и Кобуров Иван. Во оваа категорија најдобро пласирани возачи од Македонија беа Ѓорѓевиќ Лука и Угриновски Кристијан освојувајќи 5 и 6 место . Во најжестоката класа, односно мажи Елит, првите три места ги поделија Бугарите, Гатев Стивиан, Ковачев Росен и Нејчев Јоан. Нашите најдобри возачи освоија одличен пласман и тоа Николовски Александар 7 место и Даскаловски Јовче  8 место. Понатаму Фидановски Александар 13 место, Цветкоски Оливер 14, Јовановски Стефан 16, Цветановски Мартин 18, Здравески Ивица 20, Кулевски Христијан 21 и Демировски Артан 22 место, сите членови на велосипедскиот клуб Extreme Bike Team.

- После покажаниот одличен успех и како во натпреварот така и во организацијата,  чувствуваме голем поттик, а и обврска да ја продолжиме традицијата со уште поголема организација и на повисоко ниво на натпреварување како што е класификација на трката во UCI (Union cycliste International). Дополнително мотивирани од огромната посетеност на овој настан од страна на љубителите на планината и спортот од нашиот град Битола, а и од цела Македонија и соседството, продолжуваме со нови сили во организирање на уште поголем настан со поголем број на возачи и со уште попредизвикувачкa и по адреналинска траса,велат од  Extreme Bike Team Bitola.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани