2win800x200

Дуќанџиите од Широк сокак бараат „спас“ од децата-питачи

Август 07, 2018

Дуќанџиите од Широк сокак бараат спас од децата-питачи и повозрасни лица кои просат седнати пред нивните дуќани. Тие со претставка  официјално побараа помош од битолската полиција, но и по повеќе од еден месец нема решение на проблемот.  На потегот од плоштадот „Магнолија“ па се до „Веро“ маркетот, повеќе групи на деца-питачи  растрчуваат пред дуќаните или лежат пред вратите на продавниците, се жалат сопствениците на дуќани.

 

-На Широк сокак на реонот од ВИП салонот до маркетот „Веро“постојано се соочуваме со проблеми со децата Роми. Влегуваат по дуќаните играат криенка низ нив чкртаат по ѕидовите од продавниците, се однесуваат вулгарно кон  вработените доколку ги опоменат. Ги корнат цвеќињата пред нашите дуќани по цел ден лежат на улица и питачат, револтирано велат дуќанџиите, кои овие забелешки ги ставиле до претставката до полицијата.

received 307261926761243

Според  нив оваа ситуација е неиздржлива и негативна за нивниот бизнис за што велат дека час поскоро мора да интервенираат надлежните институции.

-Овој дел на Широк сокак е хаос. Странските туристи се чудат. Сликата што секој ден се гледа е страхотна што би рекле Бугарите. Ве молиме под итно да преземете марки за решавање на проблемот, пишуваат  тие во реакцијата до СВР-Битола. 

Од битолската полиција ни изјави дека полициските патроли кои се на терен на горниот дел од Широк сокак постојано интервенираат.

-Штом децата -питачи или повозрасни питачи ќе се затекнат се отстрануваат , но години се влечи тој проблем и мора да се решава меѓуинституционално. Од СВР-Битола постојано се патролира,  ни изјавија од полицијата.

Од Центарот за социјални работи во Битола пак, велат дека тие досега не примиле реакција од СВР-Битола за ваквите поплаки, но дека овој проблем ќе мора да се  решава меѓусекторски.

-Проблемот со децата питачи ќе се решава системски, за скоро, со стапувањето на новиот Закон за социјална заштита. Предвидени се нови измени и повисока социјална помош за оваа категорија на граѓани според број на членови во семејството, велат од Центарот за социјални работи во Битола.

Статистиката во 2011 година покажа дека во градот имало регистрирани 70 лица кои питаат, од кои 67 деца.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани