Октомври 16, 2018

Стогодишнината од пробојот на Македонскиот фронт ја оживеа приказната за францускиот уметник со една рака

Септември 15, 2018

При пробојот на Македонскиот фронт со одлучувачката битката кај Добро Поле, Битолско, на 15 септември пред сто години учествувал и францускиот војник Марсел Гангилхем(1895-1949), уметник и скулптор кој таму ја загубил својата десна рака.

Откако ја преживеал Првата светска војна и се вратил дома во Фарнција, иако еднорак продолжил да твори. Луѓето го нарекле Лаеворак, а тој со една рака ја изработил и сопствената статуа која во 1938 година, две децении по крвавата битка, ја донел и поставил во Добро Поле.

Љубе Кузманоски, градоначаник на Новаци, општина низ чија територија минувал дел од Македонскиот фронт, каде исто така се наоѓа и месноста Добро Поле, раскажува дека војникот ја поставил статуата точно на местото каде што ја загубил раката.

 „Оваа битка го означува пробојот на Фронтот и почетокот од крајот на Првата светска војна. Во 1938 година точно на место каде што бил пробојот била поставена ваква скулптура и била наречена Бронзена рака, точно од Марсел Гангилхем, војникот кој ја изгубил раката. Според она што се раскажува, во моментот на пробојот кога ја изгубил раката, ја завиткал во некое платно и ја ставил под карпата. По 20 години се вратил и само дел од коски нашол, точно на таа карпа била поставена скулптурата во 1938 година“, рече Кузманоски.41713022 1945389295504770 8507753944728993792 nсега

Низ годините, а се претпроставува најверојатно во Втората светска војна, статуата исчезнала. Деновиве на јубилејот сто години од пробивот на Македонскиот фронт и битката кај Добро Поле на Француските гробишта во Битола, францускиот амбасадор Кристијан Тимоние и роднини на војникот открија споменик кој е реплика на оној што бил поставен пред седумдесет години. Висок два метри, споменикот е поставен на гробиштата во Битола, каде што почиваат 6.134 идентификувани француски војници, а се наоѓаат уште и 128 неидентификувани гробови и костурница со остатоците на околу 7.000 војници. Грутки земја земени од Верден, кој заедно со Битола беа најбомбардираните градови во Првата светска војна викендов беше истурена на Добро Поле.41856919 245019252872151 1715298402016690176 n

„Јас сум неговата внука, родена неколку месеци по неговата смрт. Неговото ателје остана онакво какво што беше, сосема малку го средивме. Тоа поседува многу материјали и работи што го поврзуваат со годините што ги поминал тука. Овој споменик сам го подготвил во 1938 година и дошол тука да го постави на Добро Поле. Истата реплика постои и на гробиштата во Франција, а во едно малечко село Басконс има огромен број на негови дела, како и споменик на загинатите војници“, раскажа за Апла.мк внуката на војникот Шантал Гангилхем.

Францускиот амбасадор рече дека мирот мора постојано да се надоградува, дека престои време на помирување на Балканот, па во таа насока планираат да направат пат на мирот што ќе се протега од Грција преку Македонија и Косово до Србија.

„Се надеваме дека со сите процеси што се одвиваат на помирување меѓу Грција и Македонија, ние ќе можеме да изградиме еден пат на мирот кој би тргнувал од Солун каде има француски гробишта со една прекрасна капела, би водел преку Битола и овдешниот Меморијал, па Скопје каде имаме нов музејски простор, Приштина, па би завршил во Белград каде постојат импозантни гробишта. Со тоа да направиме еден нов пат, патот на мирот и Французите кои ќе доаѓаат да го откријат новиот Балкан, Балканот на мирот“, рече амбасадорот.41853419 327682574659618 3165633232091742208 n

41843918 281639779110589 763954929680252928 n

По повод сто години од пробојот на Мaкедонскиот фронт  во саботата од Новаци до Добро Поле беше организирана едноднневна џип екскурзија во организација на Здружението за запознавање и патување „Оф роуд- Македонија“. Во чест на јубилеот на градоначалникот на Новаци, Куманоски, францускиот амбасадор и други почитувачи на жртвите од војната му дадоа голем мермерен крст, каков што беше поставен и на Добро Поле, да сведочи за историјата на овој крај.

Делегација од Општина Новаци предводена од градоначалникот Кузманоски како и делегација од Република Франција предводена од францускиот амбасадор во Македонија Тимоније присуствуваа на одбележувањето на овој значаен датум во историјата на Првата светска војна и заедно испратија порака од Добро Поле: „никогаш да не се заборави и никогаш да не се повтори ".

" На 15 септември ја одбележуваме 100 годишнината од пробојот на Македонскиот Фронт познат и како Солунски Фронт кој се случил токму на Добро Поле место кое припаѓа во Општина Новаци . Ова е значаен настан во историографијата на Првата светска војна а по 100 години , денес , значаен за развој на меморијалниот и руралниот развој и промоција на регионот Мариово и Општина Новаци ."Општина Новаци инвестира во овој дел од Мариово , како во делот на патната инфрастуктура со цел попристапен терен за што поголема посетеност од страна на туристите кои доаѓаат од разни држави како и во делот на Меморијалниот и руралниот развој", истакна Кузманоски.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани