Street gif

Убиениот Бекир Алили е погребан во родно Јеловјане, жителите излегоа на мирен протест

Септември 16, 2018

Бекир Алили (36) кој во петокот беше убиен на свиреп начин во прилепско Беловодица, денеска беше погребан на селските гробишта во негвотот родно село Јеловјане, тетовско. Жителите и неговите роднини, излегоа на мирен протест пред погребот, да го изразат својот револт, затоа што полицаец, еден од оние кои треба да ги штитат граѓаните, е осмничен за убиството на Бекир.

-Го изврши тоа полицаец, примен во МВР. Треба да се знае кој се вработува таму, дали е психички и физички подтготвен. Албанец бил, Македонец бил, нека влезе. МВР треба да прима здрави луѓе, пиштол им даваат, изјави жител на Јеловјане.

24 годишниот полицаец вработен во СВР Битола, Енвер Т., беше уапсен во саботата два часа по полноќ, а вчера пред обвинител се бранел со молчење, иако претходно при распитот во полиција во детали го опишал настанот и убиството. Кажал дека по претходен договор со сега убиениот, се сретнале во петокот за да му продаде возило по цена од 3600 евра, сопственост на трето лице. Потоа се упатиле кон Беловодица каде наводно ги чекал сопственикот за Алили да го плати автомобилот. Кога стигнале пред влезот на селото, Енвер го застрелал со 4 куршуми од службениот пиштол, одзел од него ташна со 4000 евра, потоа му ставил на главата капа, го полил со бензин, го запалил и се вратил Битола. Роднините во Јеловјане тврдат дека убиството било планиарно

-Стигнале во Прилеп, внукот му рекол каде се луѓето колата да ја видам. Полицаецот му рекол во селото Беловидица се , а таму немало ни кола ни ништо. Му ги побарал парите, а внук ми рекол да ја видам колата прво. Полицаецот извадил пиштол и стрелал во главата, вели вујко на убиениот, Фејзула Зекири од Јеловјане.

На полицаецот Енвер Т. вчера му е поднесена кривична пријава под смонение дека го извршил убиството, а исто така, одредена му е притвор од 30 дена. Покрај останатиот доказен материјал кој е најден на местото на убиството, од полицскиот службеник е одземен и службениот пиштол, кој ќе биде предмет на балистичко вештачење, информираат до МВР.

Инаку убиениот Бекир Алили, со семејеството живееше во Битола каде имаше колонијална продавница, а со осмничениот Енвер се познавле долго време.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани