Webp.net gifmaker

Гордана Угриновска од Битола прогласена меѓу најдобрите просветни работници во земјава

Октомври 05, 2018

Одделнската наставничка Гордана Угриновска од Основното училиште „Елпида Караманди“ од Битола е избрана меѓу најдобрите просветни работници во Македонија за учебната година 2017/18. На свечената академија што вчера Министерството за образование и Сојузот на просветни работници ја организираа во Куманово, на Угриновска и беше доделена плакета за постигнати видни резултати во воспитно-образовната работа и други активности во училиштето каде работи.

 

На Светскиот ден на учителот за најдобри учители во 2017/18 учебна година избрани беа Лидија Михајловска „Наце Буѓони“ од Куманово, Љупка Стоименова од „Никола Карев“ Кочани, Сузана Николовска од „Кире Гавриловски Јане“ од Прилеп, Фатиме Алии од „Живко Брајковски“ од Скопје, Гордана Угриновска од „Елпида Караманди“ од Битола и Раде Илиевски од „Рајко Жинзифов“..

„Наградата по повод Денот на учителот, за постигнување видни резултати во воспитно – образовната работа и други активности, е само потврда дека сум на добар пат за исполнување на мојата мисија како учител и дека потребите на сегашниве и идните генерации ќе продолжат да бидат исполнувани од моја страна. Вербата, силната емпатија, љубовта кон својата професија, секако и кон моите воспитаници, ќе ми биде патека на која ќе се движам наредниве години сѐ до моето заминување во пензија“, изјави Угриновска за Апла.мк.

Инаку, таа во 2000 година дипломирала на Факултетот за учители – Битола, со што се здобила со високо образование, дипломиран учител за одделенска настава. Има вкупно работно искуство од 26 години стекнато како одделенски наставник во ОУ,,Елпида Караманди” во Битола.

„Мојот професионален развој го остварувам преку индивидуално усовршување, со стекнување повисок степен на базично образование и екстерно преку учество на базични и менторски семинари што ги реализираа странски експерти и советници од Бирото за развој на образованието на РМ, во рамките на проектите во кои беше вклучено и моето училиште“, вели Угриновска.

Била ментор – наставник во проектите,, Активна настава – Интерактивно учење” ( учебна 1995/ 1996 година) и ,,Имам право” (2002/03 г.). Учествувала во обуката на наставници од одделенска настава од основните училишта во регионот на Битола и Прилеп. Учествувала во прокетите: ,,Модел училиште”, ,,Инклузија на деца со посебни образовни потреби”, ,,Култура на живеење”, ,,Е- школо за Програмата ,,Тооl kid”, Модернизација на образованието, ,,Самоевалуација и развојно планирање“ и други.

Била на студиски престој во Англија, 1996 година, 2016 во Швајцарија како супервизор во рамките на проектните активности за Интеркултурна размена – Троген, Швајцарија. Во 2006 година, по повод 24 Мај, Денот на словенските просветители Кирил и Методиј, се стекнувала со признание за просветен работник на ниво на град Битола во рамките на Здружението на просветни работници од основно и средно образование, Битола. Добитник е и на други награди, плакети, признанија и благодарници. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани