2win800x200

Од француски мермер направено македонското знаме -Спомен плоча од француски ученици за гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола

Ноември 09, 2018

Од француски мермер, учениците од Специјализираното училиште за резба на мермер од Кутонс, Нормандија во Франција изработија спомен плоча на која е претставено македонското знаме, подарок за гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола со која соработуваат десет години. Црвената и жолтата боја се искомбинирани многу добро и го претставуваат македонското знаме, а на плочата врежано е и името на Битолската гимназија.

„Традиционално веќе неколку години имаме соработка со училишта од Нормандија која што ја реализираме со поддршка на организацијата АЛДА, која е организација за Македонско-нормандиско пријателство и соработка, Францускиот институт, општина Битола и гимназијата ’Јосип Броз Тито’. Оваа соработка е инспирирана во знак на сеќавање на настаните од Првата светска војна.Училиштата работат на тоа и секоја година има размена на ученици. Со тоа се шири знаењето на културата, историјата и јазикот на двете земји“, рече Иљо Трајковски, професор по историја во гимназијата „Јосип Броз Тито“.

Во моментот 23 ученици од Кутонс се во посета на битолската Горна гимназија.

“Со овај подарок ќе го зацврстиме пријателството меѓу двете училишта“, рече Емануел Леплу, наставник по историја и географија од градот Кутонс, од Франција.45693890 276944772964448 3997684108040863744 n

Учениците од гимназијата и гостите од Франција заедно изработуваат и друга спомен поча.

„Сега тука учениците ќе направат една спомен плоча на која ќе биде изгравирана мапата на Македонија на која што учениците ќе го изгравираат името на градот Битола и на градот Кутонс“, рече Винсент Пасо, наставник по англиски јазик од градот Кутонс, од Франција.

Соработката трае веќе десет години и досега меѓу Битола и Нормандија имало размена на 250 ученици.45647453 600209800381795 6076226186545987584 n

45987611 2201781303403159 7866517436265136128 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани