2win800x200

Битола му ги врати автобусите на Скопје

Ноември 23, 2018

Општина Битола му ги врати позајмените автобуси на Скопје. Тие беа донесени во почетокот на октомври да помогнат ако има потреба во вршењето на линискиот и школскиот превоз кога превозниците изелгоа на протести и изјави дека нема да возат по новитот предлог тарифник. Откако стигнаа во Битола, имаше многу обвинувања дека се дотраени, но превозниците уште следниот дел продолжија со превозот.

 

„Автобусите од град Скопје беа позајмени, беа пуштени до Општина Битола за да одговориме во тој критичен период и ситуација во која се најдовме. Откако ја наминавме таа ситуација, ценевме дека истите нема потреба да престојуваат во нашата општина и да носиме одговорност за нив, па ги вративме по договор како што го имавме при самото однесување на автобусите“, рече Петровска.

 

Автобусите беа пуштени во сообраќај во неколку наврати да земат ученици од места каде немаше линиски превоз, зашто според новите законски одредби децата до школите ќе патуваат со линискиот превоз.

Апла.мк веќе извести дека Општина Битола одлучи да ги раскине договорите со превозниците кои обавуваат општински линиски превоз и превоз на ученици. Тие ќе возат уште три месеци по старите договори додека не им истече отказниот рок, по што ќе се бара ново решение.

„Постоечките договори за линиски превоз имаат член кој овозможува било која страна дали Општина Битола или самите превозници во отказен рок од три месеци предвремено да ги раскинат договорите. Во следниот период она на што работиме е подготовка на нов повик, кој ќе биде дефиниран со нови критериуми кои ке поминат на седница на Совет. На тоа работи цела комисија во Општина Битола, се одржуваат и контакти со превозниците. За учениците кои живеат на места до каде што има линиски превоз ќе се возат со него, а онаку каде што нема ќе биде распишна јавна набавка“, рече Петровска.

Минатата недела спогодбено раскинување на петгодишните договори за бесплатниот школски превоз со Општината и средни  училишта во градот побара три превозни фирми од Битола. Според неив, причина е дека се доведуваат до нерентабилно работење, како и тоа дека доколку спогодбено не се раскинат договорите тогаш тие се решени да го почекаат рокот кој го диктира договорот, а тоа е три месеци однапред да ги известат барателите на услуги дека се откажуваа од договорот.

Основното јавно обвинителство Битола  потврди дека води истрага за евентуални злоупотреби со петгодишните договори за школскиот превоз меѓу превозниците и Општината, за што најави  соопштение во јавноста.

Инаку, за учениците кои во измиантиот период нема превоз за да стигнат до школото, од места каде нема линиски превоз, Општината одлучи ќе им рефундира средства. Но, за тоа учениците ќе мора да приложат фискални сметки. Од Општината велат дека директорите на школите биле известени да ги предупредат учениците да ги чуваат сметките.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани