2win800x200

Отворена сензорна соба за учениците со посебни потреби во ОУ ,,Ѓорги Сугарев" (фото галерија )

Февруари 20, 2019

Сенозорна соба за децата со посебни потреби е отворена денеска во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ од Битола. Во активностите во оваа сензорна соба покрај децата кои посетуваат редовна настава во ова училиште, можат да бидат вклучени и останатите кои ќе имаат потреба.

Донацијата од над 30 илјади евра за комплетно опремување на сензорната соба ја обезбеди шведската невладина организација „Од рака на рака“ , каде активист е и Марија Росенгер, по потекло од Битола, а која живее и работи во Шведска и веќе е позната со своите хуманитарни активности во повеќе битолски институции.

-Сензорната соба во Европа се користи за да развој на децата со попреченост каде добиваат соодветни третмани, а резултатите се 80 проценти поголеми од оние кои претходно се добивале при работа со ове деца. Се надевам дека сензорната соба во училиштетот „Ѓорѓи Сугарев“ активно ќе се употребува, а третманите се дел од училишната програма за работа со овие деца. Секое дете во зависност од дијагнозата, ќе добие соодветен третман за да се подобри неговата сосотјба. Направена е по европски стандарди, со искуства од Шведска и Германија, но и од други европски земја. Исто така ангажиравме стручно лице од Шведска кое работи 18 години со деца со пречки во развојот, кој ќе биде вклучен во обука на наставиот кадар, рече Марија Росенгрен, донатор.

За работа со децата во сензорната соба е изготвена програма во училиштето, а пристапот е индивидуален. Во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ има 9 паралелки со вкупно 40 деца со псоебни потреби

-Сензорната соба е интерактивна соба која вклучува апаратура за стимулирање на сетилата кај децата со посебни потреби и има големи прдобивки за нив. Има светла и темна соба, во светлата има апаратура каде преку игра се стимулираат сетилата, а во темната соба е апартаура соодветна за стимулирање на сетилата за слух, за вид итн. Се прават тестови дали детето е хипо или хипер сензитивно за некое сетило, потоа се прави индивидуален план и по тој палн работиме со секое дете. Изготвена е и програма која е веќе вклучена во наставниот процес и по таа прграма ќе работием во учебната година. Секој ден ќе сеработи со одреден број на деца и во завсност од потребите на детето ќе се вклучува во работата во сензорната соба, каде чувствува мир и релаксација, вели Александара Божиновска, дефектолог во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“.

Родителите на децата со посебни потреби кои учат во ова училиште, велат дека сензорната соба е од големо значење за развојот на нивните деца.

-Сензорната соба е исклучително потребна и е голема предност за училиштетот, посебно е значајна за децата кои учат тука. Бенефитот е во тоа што ќе ги развива спосбностите на децата и ќе ги смири доколку за тоа има потреба, а стручниот кадар ќе работи во согласност со потребите на овие деца, но и според веќе поставените дијагнози. Посбена благодарност за донаторите кои ја поднесоа иницијативата и го спроведоа овој проект до крај, рече Ана Крстевска, родител

 

 

 

 

 

52532798 294394217893535 8161026607927001088 n

52584279 359129881605265 5875821659599929344 n

52641245 275376610082260 4631271765081849856 n

52708509 775104036206074 4894022320764485632 n

52828209 394598441305076 271527540395343872 n

52682030 244969376445531 9207824607430574080 n

52926836 241951456687138 1238757237766225920 n

52849984 798761503823510 3351060744220180480 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани