2win800x200

Нови најави за отворање на преминот Маркова Нога-Герман, но без прецизен датум

Февруари 25, 2019

Во завршна фаза се преговорите меѓу двете Министерства за надворешни работи за отворање на граничниот премин Маркова Нога, најави Радмила Шеќеринска, заменик претседател на Владата и министер за одбрана на трибината во Битола.

 

„Фактот дека договорот од Преспа беше токму таму потпишан мислам дека ќе донесе голема поддршка за целиот регион и ќе значи отворена врата кон ЕУ за целиот овој регион за жителите, малите бизниси и тоа го гледаме како многу важен проект. Не слчучајно Европската Унија рече за таму ќе обезбедат дополнителни пари. Сакаат со дела и со пари да покажат дека политиката на добрососедства дава реузлтати. Да покажиме како со Бугарија , ете за шест месеци по потпишување договорот има 20 проценти заголемување на трговијата“, рече таа.

На трибината присуствуваше и министерот за финансии Драган Тевдовски кој додаде дека и Царината веќе работи за воспоставувањето на овој граничен премин да биде што побрзо.

Половина век, жителите на Преспа чекаат да се дигне старата рампа и да се отвори граничниот премин. Досега на бројни политички средби се најавувало негово отворање, но но не се реализирало. Преспанци велат дека во минатото надежите многупати им ги подгреале политичарите, но сѐ останало на зборови. Додека чекале таквиот потег да донесе економска преродба во крајот, селата им се испразниле.

„Крајно време е да се оствари ветеното за да ни преживеат селата. Отворањето на преминот би значело економски развој. Ова овде е мртва точка, како крај на светот. Право не се оди, само назад. Бидејќи жителите од селата претежно со заминаа, барајќи работа во Скопје, можеби ако се развие туристички местото ќе се вратат и ќе работат тука. Последното село на македонска страна Долно Дупени имаше 700 жители, а денес 120. Имаме училиште со тројца ученици“, вели Зоран Димовски, сопственик на продавница во Долно Дупени.

Преспанци се жалат дека најблиското село Роби на грчка страна им е на два километри, а за да стигнат дотаму треба да минат 150 километри, односно да вратат околу преку другиот премин Меџитлија. Сѐ било поинаку до 1967, кога границата кај Маркова Нога можела да се мине со потврда што се добивала на преминот.

Сепак, во 1967 Грција донела политичка одлука и го затворила преминот. Првите најави дека пак ќе проработи беа во 1999, на средбата на министрите за надворешни работи на Грција и Македонија Јоргос Папандреу и Александар Димитров. Во 2009, Антонио Милошоски како министер за надворешни работи упати писмо до грчката колешка Дора Бакојани со барање за отворање на преминот. Но, таа го одби. Пред три години, шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас рече дека нема да се сруши вселенски брод ако се отвори преминот. Најновото ветување го даде грчкиот премиер Ципрас на 24 јануари лани.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани