2win800x200

ОД СДСМ НАЈАВИЈА ПОБЕДА ВО МОГИЛА И НОВАЦИ

Октомври 29, 2017

Од  општинските организации на СДСМ најавија дека издвојуваа победа на овие локални избори во пелагониските општини Новаци и Могила.

 

Според првичните неофицијални информации од  СДСМ, во општина Могила нивната кандидатка за градоначалник Јасмина Гулевска освоила 1909 гласови, а противкандидатот Стевче Пивковски од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери 1716. Гулевска води со над 190 гласови од  23  обработени избирачки места, со исклучок на едно од каде се уште се чекаат податоци, но тие нема видно да го променат резултатот.

СДСМ победува и во Новаци. Кандидатот на СДСМ и колицијата, Љубе Кузмановски ќе биде новиот градоначалник на оваа општина. Тој, според првичните информации од СДСМ, освои над 200 гласа предност во споредба со противкандидатот од ВМРО- ДПМНЕ, Лазар Котевски.

Со ова паднаа сите бастиони на ВМРО- ДПМНЕ во Пелагонија. Во сите пелагониски општини идните градоначалници ќе бидат од СДСМ. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани