2win800x200

После подолго време велосипедска трка во Битола (фотогалерија)

Март 03, 2019

 

„Со точак одиме на училиште, факултет, на работа“, велат велосипедистите. 

 

Во градскиот парк денес се собраа велосипедисти од цела држава кои се натпреваруваа во велокрос што се одржа во Битола по подолга пауза. На натпреварот учествуваа од шест- седум годишни деца до повозрасни велосипедисти. Учесниците рекоа дека секој ден се на точак, тоа им е превозно средства за да стигнат на школо, факултет, работа, но дека опремата е многу скапа за наш стандард.

„Во Битола не е многу распространет овој спорт и не се држат многу трки. Па, многу е добра оваа активност. Ова за мене е спорт за живот. Јас сум секој ден на точак. Со точак одам на работа, на факултет. Има несовесни возачи, но се снаоѓаме, возиме, тренираме, недостигаат велосипедски патеки“, рече Никола Дамјаниовски, велосипедист од Битола.

„Повеќе од шест години се занимавам со овој спорт и тој за мене претставува повеќе од дневна рутина. Мора во овој спорт редовно да се тренира. Околку 6 000 до 7 000 евра чини солиден велосипед и заштитна опрема. Треба секој велосипедист да си обезбеди сам велосипед. Но, има и услови во клубовите што функционираат  во земјава, па затоа тренираме во нив“, рече Кристијан Ванчевски од Велес.

Со велокросот и другите активности битолските велосипедски клубови се вратија на велосипедската карта на Македонија.

„Битола конкретно имаше пауза во активност на клубовите. Веројатно времето на транзиција си го зеде данокот, па повеќето ентузијасти го сопонзорираа од сопствени средства приходот. Верувам дека кон подобро одат работите на позиционирање на спортот во држвата целосно“, рече Сашко Ванчевски, генерален секретар на Велосипедска федерација на Македонија.

Трката се организираше под покровителство на Велосипедскиот клуб „15 мај“ од Битола кој до крајот на годината ќе организира уште три тури. Уште еден битолски клуб има најавено повеќе активност во планински велосипедизам.

t 1

t2

t3

t4

t8

t9

t11

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани