2win800x200

Една книга, молив, дете и наставник можат да го променат светот, вели наградената наставничка Весна Гагаловска

Март 03, 2019

Весна Гагаловска, наставник во Основното училиште „Тодор Ангелевски“ во Битола, со своето 20 годишно работно искуство, во 2014 година се здоби со наградата за Најдобар просветен работник во Битола, а оваа година е избрана меѓу 40 најдобри просветни работници од петте поранешни југословенски републики. Таа е единствена наградена наставничка од Битола , а меѓу деветте од Македонија.

 

Изборот беше направен викендов во Скопје на првата регионална конференција на “ANN_EX_YU“ - Асоцијација на најдобрите наставници од поранешните југословенски републики во Скопје – Светот на образованието ги брише границите“.

„Се сретнавме наставници од различни образовни системи, споделивме искуства и продискутиравме за тековните проблеми со кои се соочува образованието во овој регион. Ние ентузијасти со заеднички активности ќе помогнеме за остварување на заедничките цели и задачи“, вели Гагаловска за Апла.мк.53111004 555942071556313 582719266978004992 n

Понатаму ќе работат на регионално вмрежување на најдобрите наставници, поддршка на постоечки и започнување на нови меѓународно-образовни проекти, модернизација на образовниот систем и создавање на подобри услови за работа, создавање заеднички сајт, електронско списание и ТВ емисија за промоција и афирмација на добри наставнички пракси.

„Една книга, еден молив, едно дете и еден наставник можат да го променат светот, рекла една пакистанска ученичка. Искрено се надевам дека оваа асоцијација ќе го направи тоа“, додава Гагаловска. .

На конференцијата се акредитираа амбасадорите на Асоцијацијата од нашата земја, професор Кирил Барбареев, уредничката на просветно дело Ксенија Маказилева Трајчева и професорката Сузана Киранџиска,основач на програмата „Чекор по чекор“.53738124 2356721151222304 4149915551650545664 n

53186708 350243668912395 1930584389347966976 n

Се прогласија и најдобрите од членовите на асоцијацијата, и тоа најдобри за креативност, моќна инспирација, ентузијазам, моќна мотивација за успех, инвентивност и се здобија со титула Најдобар наставник на територијата на поранешна Југославија, меѓу кои е и наставничката од Битола Гагаловска. .

„Ги повикувам и им давам поддршка на моите колеги наставници од нашата држава, а посебно од Битола да се приклучат на Асоцијацијата, да споделат свои искуства, идеи и да придонесат во нејзиното работење и своја афирмација“, додада Гагаловска.53121498 1067245393460613 861603124278722560 n

Учениците кои учејќи ги извадила на прав пат, велат дека е полна со ентузијазам, мотивација, знаење, креативност како ретко кој друг наставник.  

„Цел живот ми се врти околу професијата. Ќе речат работата оставија на работа. Тоа не може во оваа професија. Проблемот или ангажираност на секој ученик ја носиш со себе, се анагажираш и ти. Дома се подготвуваш за секој училишен час, размилсуваш и за секој ученик посебно, според неговите афинитети, да му обрнеш внимание, да му дадеш помош , да го мотивираш“, вели Гагаловска.

На нејзините часови ништо не е обично и класично. Бајките како да стануваат стварност, па децата облечени како Снежана и седумте џуџиња  изведуваат училишни претстави. Настваните содржини се спојуваат во различни драматизации. Подготвува театар на сенки, драматизации со високи етички вредности. Училницата е полна со нагледни средства, а при тоа употребна вредност добиваат старите цедиња, моливчиња, тератки, блокчиња. Во одделенската библиотека предолг е списокот на ученици кои земаат книги за читање, надвор од задолжителните лектири. Знаењата од општествените науки се надополнуваат со податоци од интернет, а математичките операции полесно се учат со соодветни развојни игри инсталирани на училишните компјутерчиња.

-Учениците се смеат кога им велам „и јас имам домашна, да знаете дека и мене ми е напишана - додада Гагаловска.

Ж.З. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани