2win800x200

Пелистерските беспаќа низ фотообјективот на Виктор Калаузи (фотографии од кои запира здивот)

Март 28, 2019

Речиси и да нема катче на Баба Планина и Пелистер кое не го фотографирал големиот вљубеник во планинарството и фотографијата Виктор Калаузи. Тој потекнува од познатата битолска фамилија Калаузи која оставила значајна трага во историјата на Битола, а Виктор со фотографирањето ја продолжува традицијата на свој начин. Природните убавини кои ги крие Пелистер, па и места каде човечката нога поретко стапнува, се содржани во богатата збирка со над 30 000 оригинални фотографии на Калаузи.16426183 405102453172867 2534659936155803316 n55492951 735248466889628 7077192267911397376 n

„Од својата 13 година другарувам со Пелистер и планините. Уште од самите почетоци ми се појави желба моето визуелно доживување на планина да го овековечам преку фотографија и задоволството да се долови моментот е големо. Пелистер за мене е втор дом и многу повеќе од тоа, со други зборови начин на живот, место каде духовно се исполнувам. Годишно околу сто дена сум на планина, тоа е безмалку една третина од годината“, вели Калаузи.24129622 548882388794872 5860504067463773780 n

По професија е економист, но кога стапнува на планина бројките и пресметките исчезнуваат, а видикот му го исполнуваат планинските убавини и хоризонти.

„Планината никогаш не е иста. Играта на светлината во секое годишно време е различна, значи неисцрпен извор на мотиви за овековечување.Со текот на годините фотографирањето на планините стана нераскинлив дел од моето планинарење. Створив ретка колекција во груба проценка од околу 30 000 фотографии со мојот дигитален фотоапарат Sony DSC F 828 и претходно со Rolleiflex околу 5000 дијапозитиви“, вели Калаузи.16406881 405102439839535 4963501501481560879 n

Не ретко одел на Пелистер специјално за да фотографира некој дел од планината бидејќи знае во кој дел од денот е најубава светлината за фотографирање. Тоа подразбира и одење сам што претставува ризик и влегување во опасност, но тој одлично ја познава планината. И покрај богатството од фотографски записи со кое располага , Калаузи е скромен.23915483 548882318794879 8465050158586174104 n

„Изложбите никогаш не беа цел на моето фотографирање. Така до сега сум имал една изложба ‘Помалку познатиот Пелистер’ во 2013 година која ја организираше Националниот парк Пелистер. Сум учествувал со мои фотографии во неколку монографии и календари со мотиви од Пелистер. Мојата колекција ја сметам како мое животно дело кое и понатаму се надополнува. Планината и фотографирањето се нераскинлив дел од моето духовно исполнување“, додава Калаузи.

Ж.З.14591707 342850672731379 2872561580104289495 n

15192764 367389830277463 118446732151347280 n

16426091 405102633172849 6106875998499462279 n

18033563 444439532572492 7793295811660244007 n

18034336 444439752572470 5441951280771739574 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани