2win800x200

Уште е видлив пустошот што зад себе го остави невремето во Преспа (Фото)

Август 13, 2019

На есен најмалку за една третина ќе биде намалено производството на квалитетни јаболка во Преспа, а последиците од големото невреме што пред десетина дена ја зафати Долна Преспа ќе се чувствуваат и во следните две години.

„Во делот кој беше зафатен од ураганот, ние така го нарековме невремето, нема да имаа воопшто јаболка. Штетите се стопроцентни. Околу 400 хектари беа зафатени од невремето на потегот од јужниот дел на Сливница до Маркова Нога. Во тој дел штетаната ќе биде не само за оваа година, туку и за наредната бидејќи се оштетни насадите. Неколку стотини садници се откорнати, а и оние кои останаа се без лисна маса, тоа значи дека одвај би преживеале догодина. Оваа и следната, а можеби и таа по неа година да има негативни последици, трета години по ред до 2021 година“, вели Љубе Пампулевски претседател на Здружението на овоштари „Благој Котларовски“ од Ресен.

И индустриско јаболко прашање дали ќе има. Овоштарите велат дека и јаболката кои се најоштетени скапуваат на самото дрво. Економски загрозени се 350 семејства од селата Крани, Штрбово, Наколец, Долно Дупени, Љуболјно, Брајчино, Арвати и Слвница.67839887 375082836502231 7351699648026771456 n

67842332 1040076606196065 819752782557872128 n

67877357 357322398520632 7458035818435706880 n

67911322 751052715324614 3545129137842683904 n

67927323 368809653785539 534149363023216640 n

67952891 2064366480336268 1577562284052447232 n

68885321 2257942524326234 7376007260251619328 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани