2win800x200

За 40 години 66 битолчани го искачиле Монт Блан, а некои и по повеќе пати

Август 15, 2019

Од 1979 година до сега, поточно во изминатите четири децении највисокиот врв на Алпите Монт Блан го искачиле 66 планинари од Битола, а некои од нив и повеќе пати, соопштија од Планинарско спортскиот клуб „Димитар Илиевски“ од Битола.

 

Први кои се искачија беа македонскиот алпинист и човекот кој од нашата земја прв го освои Монт Еверест Димитар Илиевски-Мурато, како и Нико Гемтовски, Иванчо Георгиевски и Ѓорги Костовски. Елена Костовска која на највисокиот врв на Западна Европа застана во 2007 година и понатаму останува најмладиот планинар од нашиот град кој се качил на Монт Блан, додека најстар е Томе Лозановски кој таму бил повеќе пати, а последното качување му беше пред неколку дена заедно со уште една група млади битолчани.

Деновиве Монт Блан кој е на 4810 метри надморска височина го искачија и битолчаните Сања Грбиќ, Саша Грбиќ, членови на ПСК „Димитар Илиевски“ и Даниело Божиновски од ПСК „Копанки“ од Битола.

„Досега 12 членови од постоењето на нашиот клуб ПСК ‘Димитар Илиевски’ од 2010 година се имат искачено на Монт Блан и со тоа стануваат планинари високогорци. Монт Блан одсекогаш е предизвик за планинарите кои започнуваат да се занимаваат посериозно со овој спорт. Прво се започнува со постепена обука во планинарскиот клуб од постари и поискусни членови кои веќе се и водичи во планина па со искачуваање пониски планини низ Македонија и Балканот. Откако ќе се стекне некое искуство Монт Блан е како тест, проба и отскочно скалило дали ќе се продолжи и понатаму со посериозни планинарски високогорски искачувања“, вели Јонче Илиевски од ПСК „Димитар Иливески“.

Инаку, денес врвот е многу посетуван, има доста метеж на планината, веќе е искомерцијализиран, не може да се ноќева или да се тргни кон планината без предходна резервација во планинарските домови кои се преполни.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани