2win800x200

ДЕБИТАНТСКА ПОБЕДА НА ЕУРОФАРМ РАБОТНИК ВО СЕХА ЛИГАТА, ВО САЛАТА ОСТАНАА ПРАЗНИ СТОЛЧИЊА

Септември 04, 2019

Ракометниот клуб „Еурофарм Работник“ издвојува победа во дерби натпреварот со „Спартак Москва“ вечерва во Спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, со што дебитираше со успех во СЕХА лигата. Натпреварот заврши со резултат 34 наспрема 29 во полза на битолскиот клуб , а во текот на второто полувреме „Еурофарм Работник“ имаше и шест гола водство. Ракометарите покажаа одлична игра на терен, а почетниот успех е одлична можност за самодоверба во пресрет на напорните натпревари кои ќе следат во СЕХА лигата и Лигата на шампионите.

Публиката ги бодреше ракометарите, но изнеанди тоа што и покрај големиот интерес кој за натпреварот постоеше со недели наназад, сепак, дел од салата остана со празни столчиња. Со натпреварите во СЕХА лигата беше најавено дека во Битола се враќаат квалитетните натпреварувања од пред петнаесетина години, а се знае дека во тој период за вакви настани салата беше преполна..ракомет 2

ракомет 3

ракомет 4

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани