2win800x200

РЕК Битола победник на спортските работнички синдикани игри на ЕСМ

Септември 30, 2019

РЕК Битола е апсолутен победник на Спортските работнички синдикални игри на ЕСМ што се одржаа во Автокампот Ливадиште.

 

Во вкупниот пласман, според резултатите од сите дисциплини во кои се натпреваруваа вработените, екипата на РЕК „Битола“ 1 беше првопласирана, на второто место се најде екипата составена од вработени во Дирекцијата на АД ЕСМ во Скопје, а на третото место заврши втората екипа на РЕК Битола. Наградата за фер плеј на спортските работнички игри на АД ЕСМ отиде во рацете на екипата од ХЕЦ Црна Дрим и ХЕЦ Тиквеш“.

За време на спортските работнички игри, осум екипи од подружниците на АД ЕСМ и Дирекцијата, се натпреваруваа во девет дисциплини. На игрите учество зедоа околу 500 вработени кои преку спорт и рекреација го тестираа натпреварувачкиот дух, но и го градеа духот на заедништво и солидарност. Учесниците се натпреваруваа во фудбал, кошарка, одбојка, пикадо, шах, скок во далечина, фрлање ѓуле, крос, пинг-понг.

Традиционално, се одигра и ревијален натпревар во мал фудбал помеѓу екипите на менаџментот на АД ЕСМ и синдикалните претседатели во компанијата. Синдикалците поведоа со голот на битолскиот синдикален претседател Менде Фидановски, а резултатот го изедначи генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. Натпреварот во регуларниот дел заврши нерешено 1:1, за што големи заслуги има голманот во екипата на менаџментот на ЕСМ, Игор Мицевски – Тентеле кој со своите одбрани ја воодушеви публиката на игралиштето во Ливадиште. По изведувањето на пенали, со голот на претседателот на Синдикатот на РЕК „Битола“, Менде Фидановски победа извојуваа синдикалните лидери.

Во продолжение фотографии од натпреварите во повеќе дисциплини:
UGRI

UIGRI 2

UIGRI

UIGRI 6

UIGRI 5

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани