2win800x200

„Врба“ ја полни кино салата во Битола, Пепи Мирчевски во свој стил внесе ведрина во филмот

Ноември 03, 2019

Најновиот филм „Врба“ на најнаградуваниот македонски режисер Милчо Манчевски две вечери со ред ја полни кино салата во Центарот за култура во Битола. Битолската премиера се случи во петокот, а и при саботната проекција интересот не спласна. Филмот се прикажува и вечерва со почеток од 22,15 часот, како и во понеделник од 20 часот.

Шестиот филм на Манчевски „Врба“ ја следи приказната за три македонски жени и нивната борба да станат мајки и да имаат пород. Едната е средновековна пиказна, па жената откако ќе го изгуби првото бебе, уште пет години не може да забремени, а во тој период покрај врбата со сопругот изведуваат различни ритуали верувајќи дека тоа ќе им донесе пород. Одат дури и кај старица која низ селата ја биело глас дека е вештерка, па ѝ го ветуваат и невозможното само да им помогне да добијат потомство.

Другите две приказни се од денешно време за две сестри, кои со години се одбидуваат да забременат преку инвитро, за на крај едната да остане трудба по природен пат, а другата да посвои дете и да му помогне да ги преброди сите стравови од животот претходно.

Темата е сериозна, а ведрина во филмот внесе ликот на Ставре Дуниветровски кого го игра познатиот битолски актер, добитник на годинешната награда „11 Октомври“, Пепи Мирчевски. Со самото негово појавување на филмското платно, синоќа и без да го изусти првиот збор од улогата, ја насмеа публиката. Така тоа се случива со актери кои имаат извонредни изведби во комични претстави и филмови. Мирчевски знае да каже дека „најтешко е да бидеш поп во сопственото село“, но самата реакција на публиката кажуваше дека тој оддамна е признат и ценат меѓу своите сограѓани и е еден од најомилените битолски актери кај домашната публика. На Мирчевски ова му беше петта филмска соработка со Манчевски. Во овој филм го игра Ставре Глаучот, сосед на една од жените која не може да остане бремена. Токму тој е причината за нејзината средба со мажот во кој ќе се вљуби. Тоа е многу необична средба зашто нејзиниот избраник е таксист кој со возилото го удрира Ставре Глаучот, а потоа седи половина час на дожд, чекајќи ја полицијата да дојде и да направи увид, па поради добродушноста ѝ пага за око на девојката. 

Инаку „Врба“ е во продукција на “Банана филм” и е македонско-унгарско белгиска копродукција.

Ж.З. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани