2win800x200

Добар морнар не се бидува во мирни води, рече Петровска на прославата за 4-ти Ноември (фотогалерија)

Ноември 04, 2019

„Во денешницата која врие од популистички реторики, во мене останува жарот и жебата да се постигнува, а не да се повредува другиот. Велат добар морнар не се бидува во мирни води. Затоа секој нов предизвик не зависно од каде доаѓа наликува на дрво кое непокорно пушта корени за да ги надживее олуите“, рече градоначалничката Наташа Петровска на свеченоста по повод Денот на ослободувањето на Битола, 4-ти Ноември.

Обраќајќи се пред полна сала публика, Петровска нагласи дека со љубов за Битола продолжува нивниот о̀д и дека во овие две години покажале дека нема невозможно, туку дека се е прашање на верба, на работа.

„Во стадионот вложивме над 1 300 000 евра наспроти дотогашните 140 000. И со тој товар успеавме да вложиме досега во инфраструктурата, средства над 4,5 милиони евра, само од сопствен буџет. Се соочивме и со низа наследени извршни решенија, кои не само што ги исплативме, туку и го стабилизиравме буџетот, за да денес дополнително веќе имаме потпишани договори за следни изведби со обезбедени финансиски средства. Овие веќе завторени постапки како што е „Илинденска“ со над два километри, „Партизанска“, „Рузвелтова“, не се тактика во функција на избори, токму се веќе потпишани и ги поминале сите повеќемесечени процедури. Она што некому изгледаше нереално, заврши со реално враќање на претходно излеани средства од општинскиот буџет во висина од над 113 милиони денари. Со умешна иницијатива и работа и дослух од централната власт. Само за една година имаме заштеда од над 69 000 евра’, рече Петровска.НАТАША

Годинешен лауреат е Благој Стефановски-Баге

Претседателот на Советот, Валентин Груевски, во името на Управниот одбор на Фондот за наградата „4 ти Ноември“ ги соопшти добитниците.

Годинешен лауреат е актерот Благој Стефановски-Баге кој остави длабока трага во историјата на Народниот театар во Битола, создавајќи ја оваа театарска куќа како препознатлив бренд во земјава и странство. Под негово водство во театарот се вградија многу значајни режисерски имња и се создаде искусен актерски кадар. Стефановски беше пратеник и претседател на Комисијата за култура во Собранието. Од 2002 до 2006 ја обавуваше функција министер за култура. Беше селектор на фестивалот „Ристо Шипков“ во Струмица, член и раководител на многу театарски асоцијации.БАГЕ

Доделени и седум награди за годишни оставрувања

Награда за едногодишно достигнување му беше доделена на Васко Михалчев, пилот во Дирекцијата за заштита и спасување за неговиот придонес во гаснење на повеќе од 90 пожари годинава од кои само во еден месец повеќе од 45. Тој беше наречен „херојот од Битола“, а гаснејќи ги огнените стихии со својот авион им ги спасил имотите на многу луѓе ризикувајќи го својот живот.

Со награда „4-ти Ноември“ за едногодишно остварување беше награден и педагогот Горѓи Лазаревски за достигнувања во образованието и литературата посебно за неговите книги „Педагошко-писхолошката служба во Битола и Битолско“ и „Шепотот на пелагониските села“.

Понатаму, Јамина Буневска Талевска за значјни остварувања во полето на подигање на техничката култура, сообраќајната безбедност и култура. Па, печатницата „Киро Дандаро“ за значајни остварувања од областа на стопанството и бренд кој опстојува повеќе од 75 години. Почнала да работи во 1944 година, само осум дена по ослободувањето на Битола, на почетокот како занаетчиска работилница од 22 вработени, а денес е прерасната во современа графичка индустрија со 170 вработени.

М-р Марија Младеновска Димитровска беше наградена со „4-ти Ноември“ за едногодишни достигнувања како психолог во областа на образованието и психологијата и успешно претставување на Битола и Република Северна Македонија на 16 конгрес по психологија на кој настапи со свој истражувачки труд на Московскиот државен универзитет Ломоносов. Меѓу наградените се вброи и градинката „Мајски цвет“ со постигнувања во социјалната заштита и подобрување на условите за престој на децата.

Меѓу наградените е и Марија Росенгрен од областа на хуманоста, нејзината хуманитарна организација вложува во обнова на тоалети по училиштата, грејни тела, храна за учениците, сезнорна соба, медицински помагала во Болниците, а последно заедно со Кралскиот институт во Шведска и во соработка со Клиничката болница работат на поставување на еколошки систем за греење и ладење.НАГРАДЕНИ

НАГРАДЕНИ 3

ХИМНА

ХИМНА 2

ХИМНА3

ХИМНА44

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани