2win800x200

Лауреатот Благој Стефановски засади дрвце во алејата на добитниците на наградата „4 Ноември’

Ноември 05, 2019

Годинешниот добитник на највисокото општинско признание за животно дело, наградата „4 Ноември“, Благој Стефaновски-Баге, денеска засади дрвце во алејата на добитниците во Градскиот парк во Битола.

73204221 3792022907490487 6656148265878159360 n

-Ја продолжуваме традицијата, а тоа е многу значајно, продолжуваат да растат нови гранки. Секое ново израстување е како еден нов живот. Јас се радувам што токму мене ми припадна честа, изјави Стефановски

75412361 1600265766776406 4386946357106049024 n

За првпат во оваа алеја дрвце посади ланскиот лауреат на наградата за животно дело „4 Ноември“,  Виолета Томовска, а градоначалничката Наташа Петровска, денеска упати апел традицијата да продолжи и во иднина, но и сите заедно да го сочуваме овој постор. 

-Благој Стефановски остави видлив белег во нашиот град и токму затоа ценам дека годинешното празнување помина во еден амбент како што доликува, а додадена вредност имавме токму со овој добитник. Се наоѓаме пред Алејата на добитниците на наградата 4 Ноември, а традицијта ја започнавме минатата година. Ова е нешто убаво и вреувам дека што и да се случува во иднина, кој и да го регулира овој простор ќе има почит и респкет кон истиот. Ги повикувам сите битолчани да   погледнат како денес изгледа овој просор и сите заедно да се потрудиме да го сочуваме онака како што доликува, бидејќи сме сведоци на вандализам по сите основи, не само во нашиот град туку и во државата. Ова не е место на само еден, двајца, неколкумина, ова е нештот што ни припаѓа на сите, рече Петровска.

75576401 966315917067586 4755993870146207744 n

Просторот  денес е обележан со соодветна табла на која пишува Алеја на добитниците на наградата за живтно дело „4 Ноември“ на Општина Битола

71519293 653956748464299 1246094643930595328 n

Е.М.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани