2win800x200

ЈП„Стрежево“ прославува 41 година со пошумување на ридовите кај главниот канал

Ноември 27, 2019

ЈП „Стрежево“ денеска со голема еко акција ги пошумува ридовите кај свлечиштето кое се јави во 2015 години на главниот канал за испорака на сирова вода.  Претпријатието денеска прославува 41 година до постоењето.

Првиот човек на ЈП „Стрежево“-Битола, генералниот директор Менде Граматковски вели дека оваа локација е неслучајно избрана , со оглед дека од зафатната градба Г-О на главниот канал со вода се снабдува најголемиот производител на електрична РЕК Битола и во исто време  со вода за пиење и индустријата се снабдуваат општините Битола, Новаци и Могила.  Се наводнува најголема житница Пелагонија и може да се каже дека  овој објект е од особено значење како за овие општини така и за нашата држава.  .

76710706 421801752061187 1610274601814720512 n

Јавното претпријатие со сопствени средства набави 2000 багремови садници од расадникот на „Македонски шуми“. 

„Главниот канал кој е стратешки објект во 2015 година имаше свлечиште и се прекина водоснабдувањето за водокорисниците, со цел да го стабилизраме земјиштето и да за ја спречиме ерозијата на земјата засадуваме садници за во иднина да немаме свлечишта и поројни поплави. Покрај тоа што со пошумувањето ќе дејствуваме превентивно да нема свлечиште, ќе придонесеме и за подобра еколошка средина. Дрвца ќе засадиме и пред Управната зграда на Стрежево“, рече директорот Граматковски. 

ЈП „Стрежево“ подготвува проект за паралелен цевковод од браната до Кукуречани, кој ќе биде челичен и со оглед на тоа дека Главниот канал 40 години не е рехабилитиран поради значењето и затоа што мора цела година да има вода, во периодт кога ќе нема наводнување да можат да го бајпасираат снабувањето со вода за РЕК, Битола и индустријата. Да не се случи при евентуален проблем на Главниот канал да немат вода за водокорисниците. 

„По изготвувањето на прокетот ЈП Стрежево од сопствени средства ќе вложи 10 милиони денари во изградба на цевководот, но се надевам дека и Владата ќе помогне со оглед на тоа дека е капитален објект, па ќе можеме во следните неколку години да го изградиме цевководот“, рече Граматковски 

На граѓаните им порача дека ќе имаат доволно количини со вода и квалитетно ќе ги испорачаат до водокорисниците.

76769682 549762552471911 2710080885822062592 n

76907116 478802399656274 7853355560526151680 n

78835865 441137146828309 4265981111475109888 n

78623386 576374829832072 9175484444289531904 n

78248134 2459543764310331 6519668481682571264 n

Ж.З/А.Б.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани