Webp.net gifmaker

Ќе се зголеми наталитетот во битолскиот Совет

Декември 04, 2019

Советничката од ВМРО ДПМНЕ, Елена Трајчевска, член на  Советот на Општина Битола, најдоцна за еден месец ќе добие принова,  а  ова е прво нејзино дете. По подолг период, Трајчевска  е прва жена во битолскиот Совет која станува мајка за време на советничкиот мандат. Таа веќе влезе во деветтиот месец, а на седниците на Советот активно   ги извршува своите обврски. Рече дека нема да отсуствува од седниците и по породувањето.

 -Породилното отсуство нема да важи за  седниците во Советот, па и по породувањето ќе се вклучам во неговата работа. Последен термин за моето породување е 10 јануари, изјави Трајчевска за апла.мк

Таа е советник од ВМРО-ДПМНЕ веќе втор мандат.

Е.М.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани