2win800x200

Се монтира спортското лизгалиште во Битола

Декември 24, 2019

Опремата за новото монтажно спортско лизгалиште  пристигна во Битола. Од денеска се очекува да започне монтажата на локација во паркингот пред Спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Во октомври пред советниците во битолскиот Совет  за гласање ќе се најди Програма за измена и дополнување на Програмата за урбана опрема на град Битола со нова локација за лизгалиште.

-Битола добива уште едно место за спорт и рекреација, овојпат за зимски спорт што се надевам ќе биде на задоволство на сите граѓани особено младите. До Нова година лизгалиштето треба да биде монтирано и ставено во функција и ќе биде на располагање два месеца до крајот на зимата, изјави Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола. 

Монтажно спортско  игралиште е  финансирано од Агенцијата за млади и спорт на Р. С.Македонија.

Владата во август годинава ја разгледа и усвои Информацијата за реализација на Проектот за изнајмување на 7 (седум) монтажни спортски лизгалишта и ја задолжи Агенцијата за млади и спорт да ги обезбеди потребните средства за реализација на проектот во висина од 14.000.000,00 денари, во рамките на сопствениот Буџет за 2019 година.

80443228 562595721203505 2608519190037921792 n

80234198 2400590196871164 1913303369389178880 n

80599605 1024982124521568 3080145859434774528 n

А.Б

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани