Webp.net gifmaker

Петровска поднесе кривична пријава против Талески за незаконска легализација на Копанки

Јануари 24, 2020

Градоначалничка Наташа Петровска, денеска соопшти дека Општина Битола поднела кривична пријава против поранешниот градоначалник Влдимир Талески, за злоупотреба на службената положба. Петровска рече дека кривичната пријава се однесува за донесување на првано неиздржан акт при легализацијата на планинарскиот дом “Копанки“

-Општина Битола  поднесе кривична пријава против пртходниот градоначалник и други лица и оставам судските инстинаци да имаат што побрза разрешница за овој предмет, затоа што станува збор за објект кој е исклучително важен за општина Битола и за граѓаните. Тоа е објект за кој што Општината е спремна да изврши целосна реконструкција како би можеле сите заедно повтроно да пиеме чај на Копанки. Како градоначалник донесов решение со кое ја поништив легализацијата која беше претходно донесена а се однесуваше на планинарскиот дом „Копнаки“. После тоа засегнатата страна, односно Планинарскиот спортски клуб„ Пелистер“ поднесе жлаба до Минстерството за транспорт и врски, кое утврди дека жалбата на ПСК „Пелсистер“ е неоснована, рече Петровска

Таа побара  завршница на сите судски спорови што ги отпочнала Општина Битола.

-Во оваа прилика сакам да побарам и замолам до судските инстанци за побрза разрешница на сите судски спорови кои што одамна се започнати во нашата Општина, но, не го виделе светлото на денот. Излегувањето на правдата и вистината на виделина е во интерес на сите граѓани, општината и државата, рече градоначалничката Наташа Петровска.

Е.М.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани