2win800x200

Пријавена кражба во одделот на Стопанска банка спроти Битолската болница

Февруари 01, 2020

Засега непознати лица рано утрово се обиделе да извршат кражба во  одделот на Стопанска банка од Битола на улицата „Партизанска“ спротив Болницата. Од СВР Битола за Апла.мк потврдија дека таков случај бил пријавен од обезбедувањето на банката во четири часот наутро. Истрагата е во тек и не можат да дадат подетални податоци дали и што е украдено. Детали ќе соопштат подоцна. 

Одделот на оваа банка денес не работеше, па најголемиот дел од коминтентите слегоа во банката во центраот на Битола да ги завршат своите услуги, меѓу кои и повеќемина пензионери кои денес ја подигаат пензијата. 

Ж.З. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани