2win800x200

Пчелар ќе тужи Пелистерска мечка оти му го нападна пчеларникот на еден километар од Битола

Април 28, 2020

Искршени сандаци, расфрлени пити со мед и вознемирени пчели. Вака беше утрово во пчеларникот на Никола Наумовски, кој во текот на ноќта го нападна Пелистерска мечка. Сандаците се поставени  на патот за Пелистер, на само еден километар од Битола. Сега тој најавува тужба за мечката, бидејќи е заштитена со закон, за државата да го обештети. Наумовски, кој инаку е ловочувар и добро го познава теренот , вели дека во пчеларникот влегла мечка  со две мечиња

 94984635 677914573041725 5526712845036683264 n

-Пчелите ми беа најпрво  во Гопеш каде имам куќа, ама избегав од мечката, потоа ги донесов Ниже поле, пак ми ги нападна мечката, еве сега и овде ми напакости. Не знам каде да одам. Уништени ми се многу кошари. Веројатно е мечак со две мечиња, оти не може една мечка , да на први толку штета. Има многу мечки, одат по куќи во Дихови, Нижеполе. Сега се гладни и бараат храна, вели Наумовски.

94993097 257246445321210 3465666255682273280 n

Поради намалената фреквенција за време на полицискиот час, мечките се осмелуваат да слезат дури до населените места.

95127781 518433365501435 3044104572650913792 n

-Не само мечка, пред десетина ден човек удри во дива свиња овде на патот за Пелистер. Дивината слезе долу, не се вознемирени од луѓе, мирно е со полицискиот час, нема раздиженост. Неодамна две мечки слегоаа кај Брусник, рече Наумовски

94888438 534736327221085 5470736171195695104 n

Кога попладнево бевме во пчеларникот на Наумовски, пчелите се уште беа вознемирни, Пчеларот ја чекаше увидната екипа, по што ќе ја тужи државата за направената штета затоа што мечката е диво животно заштитено со закон.

95089353 312589616373914 2825417246099111936 n

-Бев кај адвоката, ќе ја тужам мечката и државата за предизвиканата штета. Си има процедура. Чекам да се изврши увид, а дотогаш не смеам ништо да фатам. Се надевам дека ќе дојдат денес, затоа што ќе ми се направи уште поголем зијан, надвор има пити со мед, па пчелите можат едни со други да се нападнат , затоа што сега слаба е пашата, рече Наумовски.

Е.М.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани