До јануари 2020 гасот ќе стаса до Битола, вели Благојче Котески директор на МЕР

Јануари 08, 2018

До јануари 2020 година гасот треба да стаса до Битола, вели  Благојче Котески директор на МЕР.Тој  вели дека иако е „неблагодарно  да даваме рокови, но за две години можеме да имаме гасификација во Македонија доколку општините работат на процесот паралелно со Македонски енергетски ресурси“.

Во интервју за МИА, Котевски вели дека е донесен гас до блок станица Штип и оти до јануари 2020 година треба да се стаса до Битола, а во тој период ќе може да бидат гасифицирани и Прилеп, Неготино и Кавадарци.

Активностите на првото градилиште Блок станица 5 до Неготино, се при крај и се реализирани 84-85 проценти. Предвидениот рок, средината на декември, како што вели е надминат, а како проблем ги наведува експропријацијата, но како што вели и пристапот на претходната власт кон МЕР.

За второто градилиште на потегот од Неготино до Битола, во должина од 40 километри, во периодов додека нема градежни активнисти на терен се подготвува документацијата за решавање на имотно-правните односи за, како што посочува, подготвени да влезат во градежната сезона. За третото градилиште ЛОТ 5, од Скопје кон Гостивар со крак за Тетово, од изведувачите е побарано да достават документација за да може да се решавааат имотно-правните односи за овој потег.

- Спорните места во однос на самиот проект ќе се решаваат паралелно со градбата на планираните 45 километри, за да можеме во 2019 година да влеземе со решени имотно-правни односи и чиста ситуација на терен и таа година да ни биде исклучиво за градба, вели Котевски и додава дека следната година освен имотно-правни односи ќе треба да се решаваат и недостатоци во однос на проектната документација која ја затекнале.

Според Котевски, од новата власт има позитивна клима за проектот за гасификација на државата, за годинава се одобрени 32 милини евра исклучиво за градба на почнатите проекти, и дополнителни околу 10 милиони евра за решавање на имотно-правни односи. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани