2win800x200

ЗАКОНОТ ЗА ДОМАШНА МУЗИЧКА ПРОДУКЦИЈА Е КЛИЕНТЕЛИСТИЧКИ, РЕЧЕ АЛАЃОЗОВСКИ

Јануари 12, 2018

Незаконски биле донесени одлуките по конкурсите за финансирање на песни според Законот за поддршка на домашната музичка продукција, чиј носител била Македонската радио телевизија, соопшти министерот за култура Роберт Алаѓозовски денес во Завод и музеј-Битола.

 

Тој рече дека Министерството упатило инспекциски надзор кој констатирал дека се длабоко пробиени роковите за носење на одлуки кои песни и автори ќе бидат поддржани со овој Закон.

„Од страна на инспекцискиот наздор, раководството  на МРТ беше предупредено дека се соочува со кривична одговорност поради овие незаконски донесени одлуки со кои се создава штета по буџетот и претставуваат злоупотреба и несовесно работење на службата. Исто така, раководството на МТВ беше предупредено дека склучувањето на договори со авторите по овие одлуки ќе предизвика дополнително кршење на законот и нови основи за кривична одговорност“, рече Алаѓозовски.

На последниот конкурс кој заврши на 29 декември, потрошени се вкупно 102.000 евра за вкупно 38 песни.Некои автори добиле по 36.000 евра.

МРТВ ја објави одлуката за избор на изведувачи односно на нови композиции, за која одлучило жирито во состав Константин Карев (претседател), Бекир Алиу, Панче Илиев, Благоја Здравковски и Деан Ќурчиев. Конкурсот беше објавен на 30 јуни 2017, а одлуката е донесена на 5 јануари.

Алаѓозовски најави дека Министерството за култура започна да врши и ретроактивна детална проверка на претходните конкурси за кои исто така имаат индиции за крупни напревилности. Од првичниот увид во документацијата воочени се повеќе прекршувања. И покрај тоа што Законот предвидувал директорот на  МРТВ по предлог на Комисијата да одлучува во рок од три дена за избор на изведувачи и композициите, одлуката била носена со доцнење од еден до три месеци. не бил испочитуван делот од Законот кој предвидувал во Комисиите да членуваат музички уредници со работно искуство на таа позиција од пет години.  Наместо за пејачи и музички групи, пари се давале и на автори на композиции. Изведувач можел да конкурира со повеќе песни во една категорија, а се случувало да добива средства во повеќе категории.

Имало и судир на интереси. Така, сопружници биле челнови на Комисијата која доделила средства на група во која бил и син на тие челнови од Комисијата.

„Законот не продонесе за зголемување на квалитетот и за развој на музичката индустрија, нити за поголема присутност на домашните автори на нашите медиуми. Прерасна во алатка за клиентелизам и за купување послушност на музичките уметници. Поради тоа овој закон е во фаза на укинување, ние ќе ги поништиме донесените одлуки“, рече Алаѓозовски.   

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани