2win800x200

Средба Душанка Дивјак Томиќ-Наташа Петровска „ЗАЕДНО МОЖЕМЕ ДА ГО РАЗВИВАМЕ МЕМОРИЈАЛНИОТ ТУРИЗАМ“

Февруари 07, 2018

Амбасадoрката на Република Србија, Душанка Дивјак Томиќ, при денешаната посета на Општина Битола изјави дека со градоначалничката Наташа Петровска разговарале заедно да работата на развивање на меморијалниот туризам посебно во периодот кога се одбележуваат сто години од крајот на Првата светска војна.

 

„Меморијалниот туризам како економска гранка и како наш долг кон заедничката историја и вековите на нашето заеднично живеење на овие простори,имаме многу заедничко и сум задоволна на целото рабирање што го добив од градоначалничката за заедно да работиме на равој на тоа поле“, рече амбасадорката.

Таа додаде дека на средбата се разговарало да се изнајде начин за да се уреди патот до врвот Кајмакчалан кој изобилува со одлични можности за развој на меморијалниот туризам.

„Имаме идеја да работиме заедно на тоа. Оваа година е сто години јубилеј од крајот на Првата светска војна која остави големи траги на овој простор , па Србија и Македонијаа имаат голем интерес тоа да се одбележи и тоа историско наследство  да го искористиме за равој на меморијалниот туризам“, додаде Дивјак Томиќ.  

Во иднина се планира продлабочување на културната, економската соработка, како и проширување на бројот на збратимени градови од Србија со Битола.

„Дискутиравме околу продлабочувањето на перспективите за соработка меѓу двата пријателски народа. Востановивме дека културната соработка која постоела во изминатиот период и ги зближувала двата народа, мора да се продлабочува и да продолжува поинтензивно. Знајачно е отворањето на можности за соработка на бизнис заедниците во една операционализација која ќе покаже ефект на поблиски граѓански рамки“, рече градоначалничката Петровска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани