Запален автомобилот на прилепскиот новинар Зоран Милошески

Февруари 08, 2018
Ноќеска еден час по полноќ, засега непознати сторители, го запалија автомобилот  на прилепскиот новинар Зоран Милошески од порталот Публикум. Возилото било паркирано во гаража, но тоа не било пречка насилниците да си ја остварат целта. Автомобилот  е целосно уништен, а счучајот е пријавен во полиција.
 
Лани во јануари беше запалена гаражата на Милошески, а сторителите до денес не се откриени. 
Еве што напиша на својот ФБ профил новинарот од Прилеп, Зоран Милошоски за инцидентот.
 
"Почитувани пријатели, околу 1 часот и 20 минути после полноќ, беше запалено моето возило марка „Сузуки свифт“, кое беше паркирано во гаражата.
Противпожарната единица интервенираше веднаш откако соседите го виделе возилото како гори. Увид направи и екипа на Полициската станица од Прилеп. Возилото е целосно уништено. 
Палењето на мојот автомобил се случи точно една година подоцна, откако во јануари 2017 година беше запалена мојата гаража. Сторителите се' уште не се откриени. 
Во текот на денешниот ден преку прес конференција или соопштение, јавноста ќе биде подетално информирана за настанот. Во прилог неколку фотографии од запаленото возило..."
FB IMG 1518075386208
FB IMG 1518075388850
FB IMG 1518075398332

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани