Ноември 14, 2018

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПРОТИВ ТАЛЕСКИ И ВРАБОТЕНИ ОД ОПШТИНА ЗА НЕЗАКОНСКА НАБАВКА НА МАСЛО ЗА ГРЕЕЊЕ

Март 27, 2018

Битолската полиција поднесе нови кривични пријави против ексградоначалникот на Битола , Владимир Талески и негови соработници од претходната локална самоуправа, вработени во Општината. 

Талески овој пат се сомничи за злоупотреба на службената положба. Поранешниот раководител за финансии и член на Комисијата за јавни набавки, Слободан Бончановски, правникот од Општината  и член на комисијата за јавни набавки М.К. и советничката за образование и член на истата комисија С.П. се осомничени за несовесно работење во службата.

 

Ексградоначалникот и другите осомничени набавувале екстра лесно масло за греење за школите, градинките и Општината без потпишани анекс договори со две фирми П.П. ДОО и Е.Б. ДООЕЛ, а едната од нив не поседувала и недоставила лиценца за трговија со нафтени деривати и гориво. Со ваквите дејствија пријавените им овозможиле на двете фирми да се стекнат со противправна имотна корист  од 729 604 евра.

„Ексградоначалникот по завршувањето на претходен договор со П.П.ДОО за јавна набавка за екстра лесно масло за греење во периодот од 25.10.2012  до 19.12.2012 година ги пречекорил своите службени овластувања и без да се потпиши анекс договор, дозволил да се изврши набавка на масло за греење од П.П ДОО и Е.Б.ДООЕЛ“, рече Стаматова.

Исто така во 2016 година повикувајќи се на стар договор со П.П. ДОО, повторно без да потпише анекс договор , Талески дозволил да се изврши набавка од 9324 литри масло за греење.

Останатите осомничени како членови на Комисијата за јавни набавки во Општината, на 17.12 2012 година несовесно постапиле при вршење на својата должност. Според СВР, тие иако биле свесни дека Е.Б. ДООЕЛ не доставил и не поседувал лиценца од Регулаторната комисија на РМ за трговија со нафтени деривати и други горива, изготвиле одлука за најповолен понудувач, врз основа на која Талески донел одлука и потпишал договор со Е.Б.  ДООЕЛ и со тоа му овозможиле тој да се стекне со противправна имотна корист.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани