2win800x200

Иванчо Тошевски е новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ во Битола

Мај 03, 2018

Иванчо Тошевски, советник во Советот на Општина Битола е избран за нов претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. На синоќешната седница на Извршниот  комитет  на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје,  одлучено е од сите понудени кандидати од Битола, токму Тошевски да ја добие довербата за да ја води партијата во следните години.

Тошевски  е член на партијата од 1998 година, бил претседател на Месен комитет од 2004, член на сите општински изборни штабови од 2006 година и член на Општинскиот комитет од 2010 година.

Во 2013 година, Тошевски беше кандидиран за советник, но во Советот влегува  во 2017 година, на последните локални избори . Тој е еден од најактивните советници и еден од најголемите критичари на власта.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на крајот на февруари објави вонреден генерален повик за избор на претседатели на 76 општински комитети во државата, кој  траеше  до 11 март. Досегашен претседател на партијата во Битола беше советникот Борче Димитровски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани