Септември 19, 2019

Street gif

Монодрамата „Трите животи на Исидора Данкан“ од Молдавија, по текст на Зиновиј Сагалов, во режија на Марија Паљницкаја и изведба на актерката Јана Лазар е годинешниот добитник на наградата Гран при на 21-то издание на Интернационалниот фестивал на монодрама што се одржа во Битола.

Изведувајќи една од најопеаните шансони на дваесетиот век „Лили Марлен“, како и други музички нумери на големата и незаборавна Марлен Дитрих, хрватската актерка Ксенија Прохаска ги воодушеви битолчани. Со врвна сценска изведба, многу емоции и солзи, но и со прекрасен алт, таа синоќа настапи со монодрамата „Марлен Дитрих“ на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола.

Со премиерата на најновата продукција на Народниот театар од Битола ,,БАКХИ – КРАТОК ПРЕГЛЕД НА РАСПАДОТ'' по Еврипид а во режија на маестралниот Игор Вук Торбица вчера беа подигнати завестите на 21то издание на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола во организација на НУ Центар за култура. Двете институции кои делат ист покрив, се здружија во борбата културата во Битола да остане на прво место.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани