2win800x200

 Владата на денешната седница  ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за  март 2022 година, и го задолжи Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28.03.2022 година, а на деловните банки им препорача да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мартовските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 29.03.2022 година.

Секое годишно време раскошно ја распостелува својата убавина на Пелистер,  ама снегот најмногу му прилега, па  и овој мартовскиот, кој со сета сила ѝ пркоси на пролетта..

Фотографиите се направени вечерва на добро познати локации на  Пелистер:  кај Информативниот центар,  Палиснопје, Копанки, Молика...

Е.М.

 

На десет дена пред почетокот на пролетта, и после сончевото и топло време со температури до дваесетиот степен, денес Баба Марта донесе снег во градот под Пелистер и температури под нулата. Утрово во Битола беа измерени минус два сепени Целзиусови, а дневната температура се искачи само до четвртиот степен над нулата.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани