Webp.net gifmaker

Директно

За период од една година новиот менаџерски тим на Клиничката болница Битола на чело со директорот д-р Зоран Лазаров, даде отчет  за сработеното и реализираното. Од 7 август лани кога болницата доби нов менаџерски тим до денес се  остварени  над стотина нови вработувања, нова опрема , применети нови методи за работа, обнова и реконструкции на повеќе одделенија. Клиничката болница Битола за последната година успеа да реализира 116 нови вработувања на медицински и немедицински кадар.

Дуќанџиите од Широк сокак бараат спас од децата-питачи и повозрасни лица кои просат седнати пред нивните дуќани. Тие со претставка  официјално побараа помош од битолската полиција, но и по повеќе од еден месец нема решение на проблемот.  На потегот од плоштадот „Магнолија“ па се до „Веро“ маркетот, повеќе групи на деца-питачи  растрчуваат пред дуќаните или лежат пред вратите на продавниците, се жалат сопствениците на дуќани.

Полицијата до обвинителството поднесе кривични пријави против две лица од Битола кои се сомничат дека за време на прославата за Илинден на Мечкин Камен, Крушево, скандирале пароли со говор на омраза.  

Слободан Најдовски, поранешниот  пратеник,  долгогодишен  колумнист во „Утрински весник“ и аналитичар за економско-финансиски политики од петокот  е новиот секретар на Општина Битола.На оваа позиција дојде откако претходно на објавениот оглас од Агенцијата за државни службеници беше вработен во општинската администрација на Општина Битола. Најдовски е дипломиран економист,  работел и во стопанство и  во јавно претпријатие и токму овие квалификации биле препорака  градоначалникот  на  Општина Битола, Наташа Петровска да ја стекне довербата и да го назначи на оваа клучна  позиција.  

Советот  на Општина Битола едногласно ја прифати одлуката за примање на донација во вид на опрема за фитнес-зона  на подрачјето на општина Битола  од Млекара АД Битола. Допрва ќе се знае за каква опрема станува збор и  на  колкава површина ќе се простира  фитнес- зоната.

-Донацијата е планирана да биде поставена на локација на Тумбе кафе, со што ја потенцираме нашата грижа за младите, спортот и рекреацијата како важен дел од нашето живеење. Со ова сакаме да ги потенцираме  и нашите заложи за заживување на Тумбе кафе и враќање на стариот сјај, изјави за апла.мк Методија Илиевски, координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата.

Нова фасада се прави на зградите на Основниот, Апелациониот суд и Обвинителството во Битола. Обновата на фасадите следува по повеќе од две години од „Шараната револуција“во Битола , во мај 2016 година, кога битолчани учесници на протестите ги обоија судовите барајќи оставка од претседателот Иванов и сега екс градоначалникот на Битола Владимир Талески.

Почит на загинатите борци за слободна Македонија од Илинденскиот период и од Втората светска војна, делагација на Општина Битола, Советот  и Сојузот на борци оддадоа пред на Споменикот на револуцијата во центарот на Битола.

Македонија денес слави 115 години од Илинденското востание и 74 години од АСНОМ.

Трите главни чествувања на националниот празник Илинден, на Втори Август, и оваа година ќе бидат на Мечкин Камен, Во Пелинце и во Скопје.

Во Крушево годинава поздравниот говор ќе го одржи претседателот Ѓорѓе Иванов, во меморијалниот центар Пелинце ќе оди делегација предводена од премиерот Зоран Заев, а чествувањето во Скопје ќе го предводи претседателот на Собранието, Талат Џафери.

По повод празникот Илинден, во 9,30 часот пред споменикот на Илинденците во храмот „Св. Недела“ во Битола делегација од Општина Битола ќе положи цвеќе. Во 10 часот полагање цвеќе ќе има на споменикот пред Центарот за култура, а во 10.30 на споменикот во с. Цапари..

Македонија не била од воинот Аце, туку постара дури од времето на Ное чија арка се насукала не на Арарат туку на Шарарат, поточно на Шар Планина. Вака започнува дејствието во новата претстава „Но(е)ва Македонија“ на Народниот театар од Битола чија премиера беше поставена вчера на театарската сцена во Битола. Претставата ја исмева демагогијата што ја шират политичари злоупотребувајќи ја историјата и групното лудило што го опфајќа народот барајќи докази дека е библиски.

Играорци од „Хрватско културно друштво ШИД“ од Србија , денеска пред 16 часот кај Предајане во Грделичка клисура во Република Србија враќајќи се од Битола каде беа гости на фестивалот „Илинденски денови“, доживеале тешка сообраќајкна несреќа во која за среќа нема жртви, само повредени. Во сообраќајката учествувале две возила и автобус и според српските медиуми од автобусот  каде биле играорците од 33 патници имало дваесеттина повредни. Сите се хоспитализирани и укажан им е лекарска помош.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани