Street gif

Претрес во домот на битолчанец „колекционер“ на оружје и муниција

Мај 16, 2019

-На ден 15.05.2019 година врз основа на Наредба за претрес на дом издадена од судија на претходна постапка од Основен  суд Битола, од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, извршен е претрес во домот на лицето  Д.Г (34) од Битола

поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело по член 396 "недозволено изработување, држење, и тргување со  оружје и распрскувачки материи" од Кривичниот Закон.

При претресот во домот на лицето се пронајдени и со потврда за привремено одземени предмети се одземени: еден ловен карабин, три ловни пушки, еден пиштол, една воздушна пушка, педесет и пет куршуми калибар 9мм за пиштол, седумдесет и две парчиња ловна муниција, еден куршум калибар7. 65мм за пиштол и еден цилиндричен предмет со барутно полнење.

За настанот е известен надлежен  обвинител од ОЈО Битола, информираат од СВР-Битола

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани