2win800x200

Советничката на Поинаку, Габриела Илиевска  е сериозно загрижена за развојот на туризмот во градот откако Општина Битола на својата официјална веб страница објави фотографии од искршените стакла на  вратата  на општината  по неодамнешниот протест  за чист воздух на група битолчани меѓу кои се најдоа и двајцата советници од Поинаку.

Битолската изрека „ти му збораш за ќумурот, а тој за дрвата“ се почесто се практикува во битолскиот Совет. Најново комарците и глувците во Советот се помешаа со свињите.

До 30 ноември доколку Општина Битола не обезбеди полигон ќе треба да го затвори Испитниот центар  во градот, предупреди независната советничка Габриела Илиевска на последната седница на  Советот  на Општина Битола, поставувајќи прашање  до градоначалничката Наташа Петровска .

-Се сеќава јавноста, се сеќаваат сите дека во март месец напишавте статус дека ќе има полигон. Дали некој ви има кажано дека до 30 ноември доколку Општина Битола не обезбеди полигон ќе треба да го затвори Испитниот центар во градот ?  Доколку имате таква информација ,ме интересира каде ќе биде полигонот, дали ќе го стопанисува општината, какви ќе бидат обврските?, праша Илиевска.

Репликата „партискиот начин на работа преовладува и не знам дали ќе има спас од ваквото функционирање “ искажана од независната советничка Габриела Илиевска на вчерашната седница,  предизвика сочна политичка кавга во битолскиот Совет. Претседателот на Совет Валентин Груевски од ЛДП, го возврати ударот нарекувајќи ја Илиевска „истурен играч на ВМРО-ДПМНЕ, но на ова не остана имун советникот Ивачно Тошевски, од ВМРО-ДПМНЕ возвраќајќи дека тој не е за непринципиелни коалиции.

Советот на Општина Битола со одлука ја задолжи градоначалничката Петровска да побара од Министерството за животна средина во најбрз можен рок оспособување на мерната станица Битола 2. Предлогот беше на советничката Габриела Илиевска од Поинаку, а советниците едногласно го прифатија.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани