Webp.net gifmaker

ПРОСТУВАЊЕТО НЕ ЗНАЧИ ОДОБРУВАЊЕ (Пишува Билјана Галовска)

Декември 02, 2019

Ако сте од оние кои се повредени и неможат да простат, тогаш спаѓате во групата на луѓе кои несвесно влегуваат во улога на жртва така што ја држат ситуацијата во која биле повредени “жива” можеби со години откако поминала.

Способноста да се почитуваме и сакаме себе си,па и со љубов да се однесуваме кон себе, значи да сфатиме дека нашето тело е полигон на нашиот ум на кој се манифестираат сите емоции, а неговиот зачеток не е во надворешниот свет, туку внатре во нас. Во случајот можеби покрај чувството на болка имате и некои физички сензации, а незнаете од каде доаѓаат. Затоа добро е да се соочите со себе и да се прашате:

Зошто не можам да заборавам? Што ме држи таму?

Дали воопшто имам корист од ова? За што ми служи?

Дали воопшто тоа е вредно за болката која ја чувствувам?

Една кинеска мудрост која ја слушнав пред неколку години вели: „Простувањето не ја покажува вашата глупост, затоа што само глупав може да НЕ прости”.

Вашето непростување остава траги само на Вас, затоа што емоциите поврзани со тоа се деструктивни за вашето тело и за вашиот живот. Го оневозможуваат животот кој го сакате. Тоа чувство на болка ве држи поврзани со нешто кое што сега припаѓа на минатото, а вие не сте во можност да го оставите таму.

На коучинг сесиите многу често работам со луѓе кои живеат во непростување. Сепак тие се најчесто спремни да бидат искрени со себе и својата болка, па тоа ни дава прилика во личниот развој свесно да се соочат со начинот на гледање на ситуацијата, да ја прифатат и да добијат можност да се изборат за своите одлуки и слобода, преку простување. Кога ќе се соочиме со непростувањето добиваме порив да простиме за да се ослободиме, живееме посреќен живот и да го користиме тоа како алат за да пораснеме. Иако тоа е процес во кој треба да се истражува, да се исфрли тоа од себе, да се осмислат ритуали за растеретување, да се промени перспективата, најважното при простувањето е сознанието дека не мора да се одобри нечија постапка која не повредила. Едноставно прифаќање дека се случило и што со тоа не носи во друг правец. Простувањето е навистина тежок процес, но ако тоа што ни се случило го искористиме за да пораснеме и расцветаме ќе ја загубиме потребата да се држиме до тоа. А, тоа значи слобода, среќа и мир. А Chuck Palahniuk рекол: “Најдобра од сите одмазди е среќата. Ништо луѓето не ги живцира повеќе од некој кој има многу добар живот”

Пишува: м-р Билјана Галовска НЛП тренер & коуч, предавач на Бизнис Академија Смилевски

Инфо: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани