Webp.net gifmaker

Решението е во нас самите (пишува Валентин Груевски)

Март 26, 2020

Ситуацијата во Македонија и во Битола предизвикана од најновите случувања со корона вирусот е сѐ посложена и сѐ  потешка. Кризата  се продлабочува, секојдневните штети се големи, и ако нема брз крај, а тоа значи најмногу еден месец, тогаш последиците ќе бидат ужасни . Катастрофални и ужасни  како  во однос на здравјето, а големи  и во  економијата.

Тргнувајќи од народната дека „нешто можете да печалите цел живот, а да го изгубите во една ноќ“, поради некоја непромисленост, економијата долго време ќе се опоравува. И во најоптимистичкото сценарио, дека се ќе заврши за еден месец, долго време ќе треба да се вратиме на старите патеки и да го искористиме ентузијазмот кој полека се јавуваше кај сите за подобар и поквалитетен живот.

БИТОЛА

Битола за сега добро ,,се држи“ со вирусот. Иако сите сакаме, тоа не значи дека така и ќе остане, ама ми е драго што не се остваруваат фејсбук предвидувањата дека овде ќе биди најлошо, дека никој не се грижи, дека сите се неспособни, па разните совети и лажната ,,грижа“ за здравјето на луѓето. Факт е дека се презедоа многу мерки за заштита, многу мерки за превенција, јавните претпријатија се секојдневно на терен, ама сѐ да се преземи, нема гаранција дека вирусот нема да се случи.

 Огромната желба да се наштети и ситно и бедно да се профитира одеше дотаму , што се посочуваа примери од други општини како требало, и таму ќе било се во ред. Праксата покажа дека не биле во право, затоа што тука нема ред, нема поредок, нема правила. 

Единствено што е потребно е овие денови да се почитуват препораките, да останиме дома,  да не се изложуваме на непотребни ризици и да разбериме дека секој од нас е исклучително важен во спречувањето на ширењето на вирусот.  Решението е во нас самите.

ПРЕПОРАКА

Препорака за ЕУ добивме и ќе станеме членка на НАТО, работи кои како држава ги чекавме триесет години, ама не успеавме да се израдуваме, онака како што заслужуваше и онака како што требаше. И тие што ги посакуваа, и тие што не ги сакаа, се затекнати од моментот во кој се случија. Првите во дилема дали и како ова треба да се прослави во време кога земјата е во колективен страв и неизвесност, а пак вторите можеби и малку среќни, затоа што ова нема да го забележат доволен број луѓе.

Се плашам дека, исполнувањето на   двата најголеми стремежи на оваа генерација македонски граѓани во ова време, може да доведе до сериозни  подметнувања од страна на противниците на овие процеси, кои во овој момент не се ниту малку, ниту безопасни, кои ќе имаат полна уста, користејќи ја сутацијата,  да ги девалвираат солидарноста и функционирањето на овие големи институциии.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани