Ноември 13, 2018

Проектите за топлификација и гасификација на Битола, тема на средбата на градоначалничката Петровска со генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Миновски

Септември 19, 2018

Активностите  околу проектите за топлификација и гасификација на Битола беа главните теми на кои денес се разговараше на средбата на градоначалничката Наташа Петровска со генералниот директор на АД ЕЛЕМ Драган Миновски, директорот на инвестиции и развој во АД ЕЛЕМ Иван Трпески, директорот на РЕК Битола Васко Ковачевски и помошник директорот за производство во РЕК Битола Златко Ќурчиевски. Раководството на АД ЕЛЕМ и РЕК Битола ја информираа градоначалничката Петровска за конкретните активности во однос на реализацијата на овие процеси, со што во наредниот период треба да се интензивираат проектните активности.

Во пресрет на периодот во кој се очекува и поголема концентрација на загаден воздух, од раководството на АД ЕЛЕМ и на РЕК Битола информираа за реализираниот процес на стандардното отпепелување во комбинатот, за намалување на емисијата на прашина, особено при појаки воздушни струења.

На средбата беше договорена заедничката координација околу акцијата за засадување на 50.000 садници, со кои треба да се обезбеди зелениот појас од комбинатот РЕК Битола кон населените места.

42088771 2127037967562320 6474665161520054272 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани