Ноември 13, 2018

Кирацовски: Сите пратеници да се вклучат во процесот на помирување и обединување, заедно да ги спроведеме реформите за ЕУ и НАТО

Октомври 22, 2018

Создадени се услови за уште поголема поддршка во Собранието за патот по кој тргна Македонија, а тоа е спроведување на реформите и членство во НАТО и ЕУ, изјави генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски на денешната прес конференција и ги повика сите пратеници да се вклучат во процесот на помирување и обединување.

„Гласот на 80 пратеници за отпочнување на уставните измени е глас за остварување на децениските стратешки интереси, но и глас против поделбите, против изолацијата и неизвесноста. Ги повикувам сите пратеници во Собранието на Република Македонија, особено оние кои не гласаа во првата фаза од уставните измени активно да се вклучат во процесот на дефинирање на нацрт амандманите со единствена цел, заедно да дојдеме до национално решение, до прифатливо решение кое ќе биде од национален интерес на Република Македонија, и нејзините граѓани“, повика Кирацовски.

 

Тој ги повика сите пратеници заедно да ги поддржат процесите за целосна имплементација на Договорот од Преспа.

„Приклучете се, историјата ќе не вреднува, обезбедуваме иднината за државата, идните генерации ќе бидат горди на сите нас. Сега е моментот со конкретни примери да придонесеме за суштинско помирување и обединување кое ќе тргне од овде, од Собранието. Но, ќе влијае и на сите сегменти на општеството и ќе остави позитивен исход секаде. Како избраници на граѓаните, сите заедно да ја исполниме обврската, да го продолжиме процесот на реформи што обезбедува развој, интеграција, независни институции и повисок животен стандард“, рече Кирацовски.

Тој уште изрази верување дека поддршката за уставните измени и Договорот од Преспа ќе расте и дека сите пратеници ќе се приклучат на процесот што обезбедува европска иднина. Рече дека антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски по сопствен избор реши да остане изолирано. Но, пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ имаат шанса да ги надминат поразените политики на Мицкоски и да дадат шанса на процесите.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани