Ноември 13, 2018

Општината ќе отвори канал на јутјуб за пренос на седниците на Совет

Ноември 02, 2018

Градоначалничката Наташа Петровска најави дека Општина Битола ќе отвори официјален канал  на јутјуб за пренос на седниците на Советот  на Општина Битола.

Советникот од опозицијата Николче Јанкуловски во неколку наврати побара од Советот и градоначалничката Петровска транспарентен и целосен пренос на седниците на Совет.

 

-Упорно не го распишувате тендерот за ТВ пренос  на седниците од Совет и веќе десет месеци ја тегните работата. Во недостиг на локални медиуми ние дискутираме за важно прашање, ребаланс на буџетот на Општина Битола, рече советникот на ПОДЕМ, Јанкуловски.  

На ова Петровска на последната седница на Совет одговори дека и во минатото како советник, и сега од позиција на градоначалник, ја почитувала и се залагала за јавност на седниците, за што веќе се планирани и средства во буџетот на Општината.

-Тоа што се бараше формата како да биде регулирано, притоа да не и се даде ексклузивитет на никоја телевизиска куќа, го задржувам како право дека се уште треба да се движиме во таа насока.

Општина Битола ќе набави техника со камера и изнајмување на канал на јутјуб на којшто јавно ќе одат седниците, меѓудругото ќе биде гледано и грицкањето на семки од страна на некои советници коишто сега ни зборуваат за дигнитетот  на Советот и како треба да се функционира во рамките на овој Совет, рече градоначалничката Петровска.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани