Октомври 23, 2019

Webp.net gifmaker

МАКЕДОНИЈА ПОСТАВУВА КАМЕН ТЕМЕЛНИК НА ЕВРОПА НА МИРОТ, ПОРАЧАА АМБАСАДОРИТЕ ОД БИТОЛА

Ноември 11, 2018

Македонија се помирува со соседите и таа поставува камен темелник на новата изградба на Европа, рече францускиот амбасадор Кристијан Тимоние од комеморацијата по повод 100 години од крајот на Првата светска војна, што се одржа на на Фрнцуските и Германските гробишта во Битола.

 

„Го славиме мирот, а тој е најдрагоцено нешто што го имаме во Европа. Со задоволство констатираме дека Македонија е во еден процес на помирување со своите соседи и поставува еден камен темелник на новата изградба на Европа, на Европа на мирот. Пред портите на Европа има притисоци, тензии, се случуваат настани кои можат да наштетат затоа нашата порака е сите да се обединиме. Нема мала или поголема земја кога се работи за придонесот што секоја земја треба да го даде за изградба на Европа и да има одговорност во тоа. И да не заборавиме дека секој земја држи до својот идентитет и својата чест, но треба да го почитува и иденитетот и честа на другите“, изјави францускиот амбасадор Тимоние.

Германскиот амбасадор Томас Герберих на Француските гробишта во Битола испрати порака за мир на француски јазик, а неговиот колега од Франција на Германските воени гробишта се обрати на германски јазик, однесување во духот на помирувањето.

-Одговорот е едноставен, помирување, треба да научиме да се отвориме кој помирувањето. Германија и Франција упеаја да го пронајдат патот кон помирувањето. За тоа да се исполни потребна е политика која не изолира и не се засолнува зад национализам и идејата за нови ѕидови“, рече Герберих.

На Француските и Германските гробишта од многубројни делегации беше положено цвеќе. Беше откриена и спомен плоча во која од мермер беше изработен гулаб на мирот од страна на ученици од Кутонс, Франција. Ученици од гимназијата „Јосип Броз Тито“ пак, прочитаат текст за страотната војна која пред сто години се водела на овие простори.  PRVA

45814937 2183442155207353 9090949875767443456 n

VTORA

TRETA

45850249 262083754509589 8821217876514963456 n

45793347 1028409107365416 6548445857782431744 n

45890784 2152274425027546 5763908461272236032 n

46007484 277767562874815 4915461929922723840 n

 

45830251 351417652275711 2326204714724622336 nFWRFGOROT

45798884 335566513899839 7856679440011493376 n

45857834 177377509870773 4955218771439517696 n

46047375 537363530061542 5971621240144658432 n

45851552 1944277762288359 1062406052391157760 n

 

46059105 1909609552469101 1491984914650759168 n

45882993 2288529618139402 5028600426585391104 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани