Webp.net gifmaker

Дел до одлуките на Министерството за култура ќе бидат поништени, најави Заев

Февруари 08, 2019
europeanwesternbalkans.com europeanwesternbalkans.com

По бурните реакции што се појавија во јавноста по донесената програмата на Министерството за култура за финансирање на институциите и манифестациите од национален интерес, се огласи и премиерот Зоран Заев, кој изјави дека дел од донесените одлуки ќе бидат поништени.

 

„Одлуката ќе се поништи и таа ќе биде објавена, освен за националните инстутуции каде што нема реакции, тоа се домовите за култура. Овде се направени фер распределби, но за сите други апликанти одлуката ќе биде поништена и ќе биде повторно донесена. Законот дава можност во итни, неодложни случаи. На транспарентен начин, рековме ќе ги слушаме граѓаните. Граѓаните денес реагираа, имаат аргументи и од Министерството за култура, од Комисијата за култура, но имаат и граѓаните. Затоа уште потранспарентно ќе ги донесат одлуките Комисијата за култура при Министерството која е надележна и нема каде да брзаме, постоиме за граѓаните. А на уште потранспарентен начин ќе бидат донесени одлуките и ќе гледаме задоволството да биде уште поголемо“, рече премиерот Заев.

Но. битолчани бараат да се направи корекција и во одлуката која се однесува на Центарот за култура зашто Фестивалот на монодрама по 20 години постоење, годинава не доби ни денар финансиска поддршка од државата.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани